Home » , » Кармело Ентони : “Се уште нема ривалство меѓу Бруклин Нетс и Никси“

Кармело Ентони : “Се уште нема ривалство меѓу Бруклин Нетс и Никси“

Written By Anonymous on 28.8.12 | 22:55


Hi-res-142854863_crop_exact
Никси ќе ја отворат сезоната со натпреварот против тимот на Бруклин Нетс во битката за Њујорк, битка меѓу Бруклин и Менхетен,но според Мело такво ривалство се уште не постои. 

“Не постои ривалство меѓу нас и Нетси во моментов. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите на првиот натпревар. Сега засега ние сме фокусирани само на себеси, другите не не интересираат.”-изјави Мело.
И во суштина во право. Ривалство не постои, сега засега, но може да бидете сигурни дека натпреварите меѓу Никси и Нетси ќе прераснат во едно големо ривалство. А за да постои едно ривалство и двата тима треба да бидат добри (а и двата тима се добри) и треба да има и некој влог (а тоа е битката за превласт на Њујорк), критериуми кои навестуваат дека ќе се роди едно ривалство меѓу овие два тима.

Клиперси никогаш не биле закана за Лејкерси па и затоа никогаш не постоело ривалство, но сега тоа се промени. Клиперси и тоа како се конкурентни со Крис Пол и Блејк Грифин, па и нивните натпревари прераснуваат во ривалство. Истото се очекува и од Нетси и Никси.

0 comments:

Post a Comment