![Hi-res-6209550_crop_650x440](http://cdn.bleacherreport.net/images_root/slides/photos/002/514/580/hi-res-6209550_crop_650x440.jpg?1345179718)
Нови членови на Минесота од оваа сезона ќе бидат Чејс Бадинџер, Данте Канингем, Алексеј Швед, Андреј Кириленко, Грег Стимсма и Брандон Рој, но претседателот на тимот Дејвид Кан смета дека е потребно уште едно силно појачување. За Pioneer Press Кан изјави дека веќе имал неколку играчи на видокот, но сепак можностите укажуваат само на ветерански минимум од околу еден милион долари по година, што наголемо ја ограничува неговата потрага.
Тој исто така изјави дека постојано е во контакт со играчите, и дека ѕвездата која штотуку му доаѓа времето да се докаже и да го покаже талентот во кој сите веруваат (Рики Рубио) се осеќа добро и одлично заздравува од операцијата која му беше направена на колената. Тој во следните три недели треба да дојде во Минеаполис за да ја продолжи својата рехабилитација во Америка. Кан објасни дека нема намера да го забрзува опоравувањето на Рубио што значи дека отпаднува 2-ри ноември, денот кога Рики Рубио требаше да се врати на терените каде што Минесота Тимберволфс ја отвараат сезоната против Сакраменто Кингс.
За крај Кан додаде дека го прател настапот на Кириленко на Олимписките игри во Лондон 2012 и дека бил воодушевен од неговиот настап. Кан е сигурен дека Русинот доста ќе и помогне на екипата во новата сезона.
0 comments:
Post a Comment