Home » , » Џејсон Кид сака да биде како Стив Неш за Амаре Стадемаер

Џејсон Кид сака да биде како Стив Неш за Амаре Стадемаер

Written By Anonymous on 26.8.12 | 21:47


Џејсон Кид ја префрли својата улога во претходниве сезони, во Далас, тој се трансформираше од тркачка машина во шутер кој управува со тимот. 

Тој не беше константен но кога играше даваше значителен учинок. Во Њу Јорк се очекува да го прави истото. Дриблинг-дриблинг-дриблинг пас на Кармело Ентони на висок пост да оди во кошот и да чека како Кармело ќе шутне преку двајца, и повторно.

Но тој има други идеи. Во интервју со официјалниот блог на Никс, Кид го спомна името на Неш кога работел со Амаре во неговите најдобри години :

“Со Амаре, се надевам дека можам да бидам како Стив Неш што беше со него, да можам да му ја подадам топката каде што тој сака да биде тој успешен. Да му овозможам лесни два поени и лесни положувања“ -  објасни Кид.

Зборувајќи како вистински плејмејкер, Кид исто така спомна како може да му го направи животот полесен на водечкиот поентер во Никс - Ентони.

“Мело е еден од најдобрите 5 играчи во светот" - Кид се насмевна.  “Мојата работа е да му ја олеснам работата на Ентони, да не се го дава максимумот. Тој е тип кој разбира како се игра и разбира како се победува.“- завршува Кид

0 comments:

Post a Comment