Home » , » Кевин Дурант :“Повеќе научив од поразите отколку од победите“ !

Кевин Дурант :“Повеќе научив од поразите отколку од победите“ !

Written By Anonymous on 26.8.12 | 22:38


145729535_crop_exact
Кевин Дурант три пати по ред најдобар стрелец во НБА лигата имаше премногу возбудливо лето. Освои златна медаља на Олимписките Игри во Лондон, а овие денови во Кина пристигна и неговиот првенец филм ''Thunderstruck'' во кој Дурант ја има главната улога.

Следните денови интезивно ќе го промовира својот филм и со таа цел се појави во својот роден крај Вашингтон, каде даде интервју за ''Washington Post''. Се се почна со разговор околу НБА кариерата на Дурант и како во медиумите се спомнува неговото име како НБА играч кој што ќе доминира во наредните години.

''Го имам слушнато тоа многу пати како ќе доминирам во лигата за три или четири години... Тоа не ми се свиѓа. Мислам дека веќе се докажав и дека моето време е сега, а не за неколку години'' kaжа Дурант. Мислам дека во овие 5 години колку што сум во лигата докажав дека можам да бидам еден најдобрите играчи во лигата. Уште е долг патот пред мене да станам најдобриот играч, али моето време е сега, сега започнуваат мојте најдобри години.''

Дурант исто така прозборе околу тоа како му било чест да игра за Америка на Олимписките Игри со ѕвезди како што се : Леброн Џејмс, Коби Брајант, Крис Пол и многу други.

''Секогаш сум се чуствувал како да припаѓам во тоа друштво на играчи и морам да продолжам да работам како би останал овде кај што сум. Стварно е добро чуството да играш со тие фантастични играчи и да направиш нешто посебно за својата земја. Никогаш на мене не гледаа како најмлада особа, секогаш ме мотивираа и само и рекоа да ја играм мојата игра.''

Кевин Дурант прозборе и околу својот почеток на својата глумачка кариера, односно на првата улога во која тој ќе се појави како главен актер на големиот екран, со кој им се придружи на многумина играчи кој исто така имале забележлива улога. Додаде и дека во блиска иднина може да очекуваме негов рап албум.

''Највеќе ме загрижуваше тоа што сум срамежлив и нејќев да испаднам глупо на филмот. Но мајка многу ми помогна, ми кажа да не се загрижувам околу тоа, да не им допуштам на другите луѓе да одредуваат како ќе го живеам мојот живот. Тогаш сфатив дека можам преку филмот да им ја покажам на луѓето мојата друга страна, која тие не можат да ја видат на кошаркарскиот паркет.''

За крај Дурант издвоји што му било најважно ова лето. Конкуренцијата е голема, настап во НБА финалето, освојување на Олимписките Игри и премиера на новиот филм.

''Настапот на Игрите во Лондон е сигурно најголемото мое достигнување. Не само што освоивме злато, мојте спомени кој ги носам од Лондон. Секој ден ни беше одличен. Добро е чуството да освојиш злато, но многу научив од поразите во лигата, во која имавме и свој моменти но и доста падови, многу повеќе можам да научам од поразите отколку во победите.''

1 comments:

  1. Која ти е оценката или која ти беше оценката по македонски во училиштето? :)

    ReplyDelete