А тоа треба да претставува добра вест за оние најверни навивачи на Булси и добри познавачи на кошарката на тимот од Чикаго. А таа добра вест е дека управата нема да го доведе Трејси МекГрејди.
Иако се шпекулираше дека се водат сериозни разговори меѓу тимот на Чикаго и Т-Мек, сепак ништо од договор.
МеКгрејди минатата сезона имаше просек од 5.3 поени по натпревар, 3 скокови и 2.1 асистенција во 52 натпревари на кои настапи како резерва за тимот на Атланта Хокс. Според неофицијални извори, Т-Мек е заинтересиран кон потпишување со тим кој е претендент за титулата и затоа се уште нема потпишано со ниеден тим.
Иако потпишувањето со МекГрејди не би било катастрофално за Булси, сепак тој не би придонел ништо посебно во тимот, туку само би бил еден од оние евтини играчи кои го пополнуваат ростерот.
0 comments:
Post a Comment