Home » , » Њу Орлеанс Хорнетс го ангажираа Роџер Мејсон

Њу Орлеанс Хорнетс го ангажираа Роџер Мејсон

Written By Dragan on 9.8.12 | 17:06

Екипата на Њу Орлеанс Хорнетс објавија дека денеска служнено потпишаа договор со слободниот агент Роџер Мејсон.

Роџер Мејсон Јуниор е веќе ветеран во НБА и ќе ја игра својата осма сезона. Минатата сезона играше за Вашингтон и имаше просек од 5.5 поени по натпревар. Во Хорнетс ќе ја има улогата на играч од клупата кој ќе има за задача да ги погодува отворените шутеви за три поени.

Со 31 година, Мејсон ќе биде еден од постарите играчи во екипата на Хорнетс, која оваа сезона врти нова страница во својата историја. Минатата сезона ги напушти Крис Пол, нивната прва ѕвезда и сега е време за нов почеток. Со првиот избор на драфтот го доведоа Ентони Дејвис и од него очекуваат за неколку години да стане вистински лидер на екипата.

0 comments:

Post a Comment