Home » , » Вилт Чемберлејн

Вилт Чемберлејн

Written By Anonymous on 26.8.12 | 12:15

Да се бара најдобриот кошаркар во историјата апсолутно е бесмислено. Секој има свој фаворити и аргументи. Ако е по критериумот на прстени тогаш е Бил Расел. Ако во прашање е ол араунд играта тогаш Робертсон. Ако е по незапирливоста и лесноста на постигнување поени тогаш е Вилт Чемберлејн.

Машина за поени :
Во НБА играле играчи поголеми од Вилт. Во НБА играле играчи потешки од него. Но ниту еден од нив не имал таква комбинација за покрет, снага, агилност.

Беше уверливо најдоминаната напаѓачка сила која ја видела НБА. Еден од најдобрите центари на сите времиња. Иако имаше неверојатна брзина и можеби и најснажниот играч .Во бенч пресот креваше неверојатни 240 килограми. Снагата на Вилт беше неверојатна. Беше јак што заплашуваше. А и со својата голема појава делуваше така.

Не сакаше тепачки, беше мирен човек. Кога Пол Силас во една прилика сакаше да го тепа соиграчот на Вилт, Хепи Харистон, одеднаш Вилт се појави пред него и цврсто го фати. Го однесе на страна и му рече : Нема да правиме вакви работи.Силас му врати : Да, господине.

Вилт Чамберлејн е роден на 21 август 1936 година во Филаделфија. Беше девето дете на Вилиам и Оливија Чемберјелн.

Првата спортска љубов на Вилт беше атлетиката, но сакаше и кошарка. Беше инзвонредно агилен за својата висина, а во голема мерка успеваше да и се заблагодари на својата снага, која ја разви во средно школо бавејќи се со атлетика, трчаше на кратки стази и фрлаше кугла во вис.

Прв пат се прочу во средното училиште Овербук .Во првиот натпревар постигна 32 поени. Овербук 3 години со него имаше рекорд од 58 - 3, а Вилт вкупно постигна 2252 поени. Посебно сакаше да игра против средното школо Рохбраух на кој им постигна 71, 74 и 90 поени. Во средно школо Вилт имаше просек од 36,9 поени.

По средното школо Вилт ги одбива двата најјаки факултети и оди во Канзас. Неговото деби беше спекталкуларно во 1956 поситгнува 52 поени против светилиштето Нортвестерн.

Имено, тогаш важеше правилото играчите од прва година не смеат да тренираат со првиот тим на факултетот .Смееа само да тренираат со нив. Во 1955 Вилт се претстави пред публиката на Канзас, тимот играше пред 14000 гледачи. Вилт постигна 42 поени и фати 31 скок со што неговиот тим победи 81 - 71.

Во втората сезона (1956/57) Вилт просечно имаше 30 поени, 19 скока и 9 блока. Ги води Канзас до финалето каде играат против тогаш непоразените Северна Каролина. Во едно од најдобрите финалиња на НЦАА Каролина ја освојува титулата по три продолженија со резултат од 54-33 .Вилт утакмицата ја заврши како најдбар стрелец и скокач.23 поени и 14 скока. Покрај поразот Вилт е избран за најдобар играч на турнирот. По 3 години Вилт се решева да заигра во НБА.

“Го напуштив факултетот година дена порано затоа што одолговелукаа со играта. Знаеа дека единствен начин на кој можат да ме запрат е да не ме пуштат да фрлам на кошот. Сакав да играм помеѓу професионалци, а тие не играа зонса одбрана.“

Но, тогаш имаше поинакви правила. Во НБА лигата можеа да играат играчи само кој имаат поминато 4 години на факултет. На Вилт му остана уште една година. Единствена опција му беа Харлем Глобстерси. Со Глобстери помина една сезона, а потоа отиде таму каде што припаѓа.

Во јуни 1959 како територијален пик потпишува за Филаделфија Вориорс за 30000 долари на година, иако со разни бонуси тој износ беше помеѓу 40000 и 50000 долари. Вилт стана најплатен играч во НБА. Тоа тогаш беше астрономси износ. Пред тоа најплатен беше плејмекерот на Селтикси Боб Кази со 25000 долари годишно .А Вилт земаше скоро дупло повеќе од него.

Навивачите во НБА лигата немаа видено никој како Вилт. Од првиот натпревар, од моментот кога стапна на теренот беше најдоминантен играч. Во првиот натпревар против Никси одигра неверјоатно: 43 поени и 28 скока. Руки сезоната ја изигра фантастично имаше бројки од 37 поени и 27 скока. Настапи на Ол Старот, а беше и МВП на тој натпревар со 23 поени и 25 скока. Освен тоа беше руки на годината и МВП на сезоната.

Незаборавни 100 поени :
Сезоната 1961/62 ке остане запаметена во историјата. Таа сезона Вилт постигна неверојатни 100 поени. Прво имаше низа од 9 натпревар на кој постигна 78, 61, 55, 54, 52, 43, 50, 57 и 55 поени. Кога постигна 78 поени,  неговиот тренер Френк МекГур рече “Еден ден ке постигне и 100 поени“.

За неполни 3 месеци се случи и тоа. На 2 март 1962 се случи нешто неверјоатно. Вилт постигна 100 поени. Наместо во Филаделфија се играше во Херсеј, каде што тимот понекогаш имаше тренинзи. Само 4124 гладачи го гледаа овој натпревар и имаа што да видат. Вилт беше незапирлив .Во првата четвртина имаше 23, а на полувреме 49 поени. По три четвртини имаше 69 поени. Предходниот рекорд го обори 8 минути пред крајот. Стотката ја даде на 46 секунди пред крајот, и одма по тоа навивачите влегоја во теренот и го прекинаа натпреварот. Вилт отиде во соблекувалната каде на харија напиша 100, а потоа се слика со стотката. Шут од игра 36-63, слободни фрлања 28-32.

Таа сезона имаше рекорден просек од 50.4 поени и стана првиот играч кој ја проби границата од 4000 поени на сезона. Исто така беше прв скокач на лигата со просек од 25. скока по натпревар. Исто така постави и просек по одиграни минути и тоа 48.5 минути по натпревар. Филаделфија таа сезона играше продолженија на 7 натпревари, а Вилт изигра 3882 од можни 3890 минути. Таа сезона пропушти само 8 минути ! Вкупно во кариерата има просек од 45.8 минути по натпревар.

“Иако се чини неверојатно, навистина нормално е да се дадат 100 поени“ - вели Вилт. “Морате да запамтите дека таа сезона имав 50 поени по натпревар. Играчите кој просечно имаат по 16 или 17 поени по натпревар обично барем еднаш во сезоната даваат по 35 поени. И тоа го направив јас, го дуплирав својот просек.“

Вилт беше ноќна птица и станувањето пред попладене за него беше голема жртва. А токму во ноќта кога даде 100 поени беше “излезен“ .Целата ноќ ја поминал со една дама во Њу Јорк. Околу 6 сатот наутро дамата ја остави пред нејзината куќа, а тргна на пат кон Харси одалечен 240 километри од Њу Јорк. Тргна во местото каде што ја напиша историјата. Таков беше Вилт .Никогаш не му беше се тешко .И никогаш покасно не се фалеше во Харси.

Сите викаа дека се што прави Вилт е постигнувањето поени. Но тоа го разјасни во сезоната 1967/68 кога стана најдобар асистент на лигата (8.6 асистенции). Само на сите да им покаже дека не е само машина за поени. Никогаш пред или потоа центар не бил најдобар асистент на лигата. Стварно неповторливо. Вистина тогаш се гледало вкупниот број на асистенции и Вилт во 82 натпревари имаше вкупно 702 .Зад мего беа Лени Вилкенс со 679 и Оскар Робертсон со 633 асистенции. Да се гледаше просекот Вилт би бил трет, но правилата биле поинакви. Но 8.6 асистенции во просек за центар се неповторливи.

Одличен асистент беше и во сезоните 1965/66, 1966/67 и 1963/64 .Вилт најмногу асистенции во еден натпревар забележа на 2 февруари 1968 година. Имаше 21 асистенција! Навистина фантасточно .А токму таа вечер запиша уште еден недостижен рекорд : дабл - трипл - дабл. Дво кратен дабл-дабл : повеќе од 20 поени, 20 скока и 20 асистенции. На тој натпревар постигна 22 поени, 25 скока и 21 асистенција! Ова му нема појдено од рака на никој друг.

Две титули :
Вилт го одведе својот тим до титула во 1967 и 1972 година.Филаделфија во сезоната 1966/67. и Лос Анџелес Лејкерси во сезоната 1971/72, овие два тима се меѓу десете најдобри тима во историјата на НБА лигата.

Во сезоната 1966/67 Сиксерси поставија рекорд на победи во регуларниот дел од сезоната 68-13.Во плејофот прво ги поразија Каинти со 3-1, а потоа во финалето на Истокот Бостон со 4-1.Во пет натпревари против Селтикси. Вилт имаше просек од 20 поени, 32 скока и 13 асистенции. Бостон по 8 титули по ред конечно е запрен. Беше време некој да ги победи. И затоа најправедно тоа го направи Вилт со Сиксерси.Тоа беше слатката одмазда на Вилт за сите тие сезони во кој губеше. А во финалето падна бившиот клуб на Вилт, Сан Франциско со 4-2.Статистиката на Вилт во финалето : 17.7 поени, 25.8 скока и 6.8 асистенции. Сега никој веќе не можеше да го нарече Вилт губитник. Таа сезона Вилт прв пат во кариерата бележи помалку од 30 поени по натпревар.Тренерот Алекс Ханун му рече дека тимот ке се подобри ако тој постигнува помалку поени, а просекот му падна од 33.5 на 24.1 поен .За прв пат не беше водечки стрелец на лигата, а таа сезона бележеше 24.1 поен, 24.2 скока ии 7.8 асистенции по натпревар.

Сезоната 1971/72 исто така беше посебна.Во регуларниот дел Лејкерси имаат скор од 69-.13 што е и нов рекорд на победи во една сезона (треше до 1995/96),Лејкерси поставија нова низа на победи : 33 по ред.Од 5ти февруари до 7ми април беа непобедлици.Тоа е најголгата низа на победи на тимските спортови во Америка.Во финалето ги победуваат Никси со 4-1.Статистиката на Вилт во финалето : 19.4 поени, 23.2 скока и 2.6 асистенции.Со 35 години Вилт ја освојува и втората титула.И сето тоа со скршен рачен зглоб.Имено, во првата четвртина од четвриот натпревар во финалето Вилт го крши рачниот зглоб.Иако трпеше болки остана на теренот цел натпревар.Заслужено е МВП на финалето.

Постави 68 рекорди !!!
Во пензија отиде по сезоната 1972/73.Постави некои рекорди кој никогаш нема да бидат срушени.Сопственик е на 68 рекорди.122 пати има постигнато 50 или повеќе поени во натпревар.32 пати има постигнато 60+ поени, а 6 пати +70.

Во 14 годишната карирера има вкупно 31419 поени, што беше рекорд до 1984 година кога Карем Абдул Џабар го сруши.Во кариерата има просек од 30.1 поен по натпревар.Само Џордан има поголем просек, и тоа незнајно.Вилт го држи рекордот и по најмногу скокви вкупно по натпревар, а и во просек е прв.Во првите 3 сезони бележеше повеќе од 25 скока по натпревар!А и е прв по вкупно скока по натпревар 55, а тоа го стори токму против Селтикси.

Во првите 10 сезони никогаш немаше помал просек од 21 скок по натпревар.Многу играчи со 30 поени и 23 скока им беше рекорд, а Вилт го имаше тој просек во секој натпревар!

А да ги поправеше слободните фрлања што би било тогаш ? Вилт беше лош изведувач на слободни фрлања, во кареирата само 51 посто.Вкупно промаши 5805 слободни фрлања, скоро 6 по натпревар.Во плејофот беше полош 46 посто.Слободните фрлања му беа слаба точка, но во некои случаи даваше и 70-80 слободни фрлања (посто) и тогаш беше апсолутно незапирлив.

Никогаш не излегол од игра поради 6 лични грешки (во 1205 одиграни натпревар - 1045 натпревари во сезона и 160 во плејофот)

МВП на лигата беше 4 пати (1960, 1966, 1967 и 1968).А имаше одлична конкуренција во своето време, играа Оскар Робертсон, Џери Вест, Елгин Бејлор, Вилис Ред и Бил Расел.И сите овие беа најдобри во тие играчки години.На почетокот на кариерата играше со првите суперѕвезди Боб Петит, Долф Шајс и Боб Кази.

Најдобар стрелец на лигата беше 7 пати по ред (1960-66).Најдобар скокач на лигата 11 пати.Девет пати ја водеше лигата во шут од поле.7 пати е избран во првиот Ол Стар тим.Два пати во најдобрата одбамбена петторка.Во негово време не се броеа блоковите, веќе почнаа да се бројат во сезоната 1973/74, веднаш по замнувањето.Голема веројатност беше да биде најдобар блокер на сите времиња.

Во времето на Вилт никој немаше слушнато за изразот трипл-дабл, но статистичката категорија беше нормална за него.Имаше 78 трипл-дабали.

Со долгите раце и фантастичниот осет за блок сигурно би имал по 5 или 10 блока по натпревар.Ако не и повеќе.Харви Полчак еден од најдобрите пријатели на Вилт еднаш рече :

“Се сеќавам на натпреварот на кој Вилт блокира 25 шута.Не верувам дека некој успеал така.“

Вилт еднаш рече :“Повеќе ја бројеа мојата игра во одбрана отколку во напад“.

Валт Фрејзер рече :“Вилт ги има сите рекорди и тоа значи нешто.Но ниеден од тие рекорди не ја кажува поентата на приказната.Бројките се големи, но не е се во нив.Вилт беше неверојатно доминантен.Не можевте да го чувате еден на еден.Само еден играч го можеше тоа - Бил Расел.Сите останати мораа да маваат, да го дават или да го паѓаат.“

Беше толку голем, огромен и агилен и доминатен што се сменаа правилата поради него.Го забранија влегувањето и одењето во напад бидејќи соиграчите му ја даваа топката на обрај и тој со лесност ја ставаше таму.Го проширија рекетот од 12 на 16 стопи (5.3 метри) и пробаа да го оддалечат од обрачот.Но, не усепаа, имаше разновиден репертоар за во напад.Не забиваше, го разви шутото од поле и погодуваше зицери.

По пензионирањето на дресот во Лејкерси потпиша договор со Сан Диего во легендарната АБА лига.Требаше да биде тренер играч.Но Лејкерси се побунија (на Вилт му остануваше уште една година од договорот) и отидоја на суд за да го спречат Вилт од играње, па Вилт на крајот само тренираше со тимот.Издржа само една сезона.

По станувањето на тренер на Вилт, бившиот согирач Елгин Бејлор рече :“Не верувам дека може да биде тренер.Никогаш немаше дисциплина.“

Бејлор дефинитивно беше во право.А колку Вилт сериозно ја свати таа работа ? Им викаше на играчите дека тренингот е рано наутро.Кога Вилт беше ноќна птица неговите тренинзи ги водеше неговиот помошник, а Вилт само ке дојдеше на натпревар.

Во 1971, додека играше за Лејкерси требаше да се боксира со Мухамед Али.Беа договорени 15 рунди, но на крајот не испадна ништо од тоа.

По НБА кариерата исто така беше активен во спортот, беше одличен одбојкаш.Трчаше маратон.Го бараа и во фудбалски тимови и тимови од НБА лигата, последен пат во 1989 година.А ВИлт имаше 53 години.Секогаш беше во одлична форма, веруваме дека и тогаш би играл во НБА.

Во сите тимови каде има играно му е пензиониран дресот со број 13.Во Голден Стејт, Филаделфија и Лејкерси.Исто така му е повлечен дресот со број 5 во средното школо и бројот 13 во Канзас.Исто така и Харлем Глобстерси му го повлекоја дресот.

Умре на 12 октомври 1999 година.Имаше 63 години.Пронајден е мртов во својот кревет во домот во Бел Ер околу 12 сатот попладне.Доживеа срцев удар.Последните неколку години пред смртта имаше проблеми со срцето, притискот, дијабетисот и колковите.Беше тешко да се прифати дека играч кој секогаш беше во добра форма, станува болен и немоќен.На жалост често одбиваше да се лечи.Му требаше пејсмејкер и нов колк, но тоа секогаш го одложуваше.Неговата тврдоглавост накрај го чинеше со животот.

Имаше повеќе надимаци.Новнирот го нарече Wilt the Stilt , а Вилт го мражеше тој надимак.Повеќе го сакаше надимакот Big Dipper, кој го доби додека порасна на улиците во Филаделфија.Блиските го викаа Big Norman.

Се го интересираше.Беше сопственик на тркачки коњ, инаше повеќе станови во Источниот и Западниот брег, а беше и сопственик на ноќен клуб во Харлем.Обожаваше да патува, ја има посетоно и Хрватска.Во 1984 година глумеше во културниот филм Конан Барбарин.Партнер глумец му беше Арнолд Шварценегер.

Можеби најдобра изјава за Вилт ја даде угледниот спортски новниар Френк Дефорд :
“Ако победува, на сите ке им речам :’Погледнете го, како е голем’.Ако губи ’Па како може да загуби играч со толкава висина ? Мислам дека тоа го збуни.Беше најдобар во индивидуални спортво.Би било подобро да се натпреварува само за себе.“

Но, сите сме среќни што видовме таков Вилт.Не освои само две титули, туку и срцата на многу жени и навивачи.Го сакале или не морате да признаете дека беше стварно посебен.Единствен и незаборавен.Немојте да го судите поради освоените титули.

20000 жени :
Вилт обожаваше жени.Во својата автобиографија која ја објави во 1992 година, Вилт рече дека има спиено со 20000 жени.Оваа бројка излгеда чудно, но Вилт покасно рече дека се работи за хипербола и дека луѓето тоа сериозно го сватиле.Исто така во една прилика рече дека не сака да го каже точниот број, но издавачот целеше на тие 20000 и тоа беше најдобрата процена.

На прашањето зошто никогаш не се ожени рече :“Да речеме дека би можел да издвојам 5 кој сакав да ги однесам до крајот, но никогаш нема вр прилика за последен чекор.Не можев да бидам врзан цел живот.“

Зошто Вилт има две титули ?

Многу велат дека Вилт не е еден од најдобрите поради тоа што има само 2 титули, во споредба со 11те на Расел, 6те на Џордан и 5те на Меџик.Тоа е непоштено да се кажува.Да не беше династијата на Селтикси Вилт веројатно би имал 10.Вилт секогаш одговараше дека Расел има повеќе титули поради подобриот тим.Тоа е чиста вистина.Кога Сиксерси и Лејкерси ја освоиа титулата Селтикси имаа подобар тимм.

Во првите 7 сезони тимовите на Вилт имаа скор од 0-5 против Селтикси.Вилт повеќе пати во кариерата играше во Исткот, а на Исткокот играа и Раселовите Селтикси кој во тоа време беа непобедливи.Бостон ги исфрли тимовите на Вилт од финалето на Истокот 5 пати, а уште два пати тимовите на Вилт губеа во финалето од Селтикси.

И додека Џери Вест и Елгин Бејлор - исто така голем губитници - исто така немаа среќа со титулите.За Вилт секогаш се вели дека и имал среќа и немал, а за него секогаш се вика дека бил човек кој ја гледал само својата статистика.Еве доказ дека не е баш така :

Вилт 5 и пол сезони помина во Филаделфија/Сан Франциско Вориорс (клуб кој во 1962 се премести во Сан Франциско), а во тоа време Расел во Селтикси играше со друштвото на идните членови на Хај оф Фејмот, од кој само еден беше надвор од формата.Најдобар соиграч на Вилт беше идниот Хај оф Фејм Пау Арзин кој веќе имаше 31 година кога Вилт дојде во Вориорси.Во Сан Франциско Вилт кратко време играше со Нејт Трундон (104 натпревари).Во Филаделфија играше со Харл Грер и Били Канигем.Во Лејкерси играше соЏери Вест и Елгин Бејлор, а кратко време и со Гаил Гудич.Така да, Расел одсекогаш имаше 4 или 5 согирачи членови на Хај оф Фејмот, а Вилт само два, најмногу три добри соиграчи.Вилт својот тим го оденесе во плејоф 13 пати, само еднаш во сезона нема играно плејоф 1962/63, а баш Вилт таму имаше најслаби соиграчи во кариерата, затоа логично не влегоја, додека Расел нема пропуштено плејоф.

Раселовите Селтикси беа поразени од Вилтовите тимови само 2 пати во финалето (1964 и 1969), и 5 пати во конференциското финале (1960, 1962, 1965, 1966, 1968).Три пати во конференциското финале серијата беше решена во 7 натпревар, 1962 Селтикси победија 2 разлика, 1965 Селтикси победија 1 разлика, а 1968 победија 4 разлика (и тоа на гостински терен кога Филадлефија водеше 3-1).Најдоброто остана за крај и тоа финалетото.1969 во 7 натпревар Селтикси победуваат сред Лос Анџелес со 2 раслика.А Лејкерси поведоја 2-0 во финалето и пак паднаа.Таа сезона имаа многу појак тим од Селтикси.

Така да, приказната за супериорноста на Селтикси не држи вода.Имаа многу среќа.Ако ги погледнете овие 4 седми натпревари Селтиски победија 2,1,4 и 2 разлика вкупно 9 разлика.

Вилт 4 пати губеше финале (два пати од Селтикси), 6 пати конференциско финале.

Расел дојде во тим кој одма беше спремен за титула, а и во руки сезоната тој освои тутила.Расел во кариерата имаше само еден тренер, легендерниот Ред Оербах.И кога Оербах си отиде, нов тренер стана Расел.Но сега во двојна улога тренер играч.Но морате да признаете, на Селтикси не им требаше тренер.

А Вилт во кариерата смени 8 тренери.Каде и да одеше и кога и да изгубеше тимот на Вилт секогаш тој беше главниот виновнитк.Но не баш така.Вилт Чемберјлен да играше во 60тите години за Селтикси бидете уверени дека би ја покориле лигата.Бостон со Расел освои 11 прстени, од тие 8 по ред.Селтикси да го имаа Расел би освои 11 по ред, ако не е повеќе.И затоа, овде заборајте ја себичноста на Вилт и неговото огромно его.

ЛИЧЕН КАРТОН :

ПОЛНО ИМЕ : ВИЛТОН НОРМАН
ПРЕЗИМЕ : ЧЕМБЕРЛЕЈН
НАДИМАЦИ : Wilt the Stilt, The Big Dipper
РОДЕН : 21.АВГУСТ 1936 ВО ФИЛАДЕЛФИЈА, ПЕНСИЛВАНИЈА
ПОЧИНАТ : 21 ОКТОМВРИ 1999 ВО ЛОС АНЏЕЛЕС
ПОЗИЦИЈА : ЦЕНТАР
ВИСИНА : 216 ЦАНТИМЕТРИ
ТЕЖИНА : 124 КИЛОГРАМИ
СРЕДНО ШКОЛО : АУЕРБУК (ФИЛАДЕЛФИЈА)
ФАКУЛТЕТ : КАНЗАС
НБА ТИТУЛИ :  2 (1967, 1972)
МВП НА СЕЗОНА : 4 (1960, 1966, 1967, 1968)
МВП НА ФИНАЛЕ : 1 (1972)
ПРВА НБА ПЕТТОРКА : 7 (1960, 1961, 1962, 1964, 1966, 1967, 1968)
ВТОРА НБА ПЕТТОРКА :  3 (1963, 1965, 1972)
ПРВА ОДБРАМБЕНА ПЕТТОРКА : 1972, 1973
ОЛ СТАР : 13 (1960-1969, 1971-1973)
МВП ОЛ СТАР : 1960
ХАЛ ОФ ФЕЈМ : 1978

0 comments:

Post a Comment