Џејмс Ворти

Written By Unknown on 26.8.12 | 10:30


ewyqw_worthy_584447

Кога Џејмс Ворти се пензионираше пред сезоната 1994-95, се сметаше дека Ворти ја има таа кариера заради Меџик Џонсон бидејќи тој ги организираше сите контри кој Ворти ги реализираше атрактивно.




"Џејмс Ворти беше еден од десете најдобри кошаркари во плејоф историјата" - рече Џонсон.

Никој не се противеше со таа изјава. Кога се пензионираше, тој ги имаше наградите за најневеројатен играч од 1982 година од НЦАА лигата и најкорисен играч од НБА финалето во 1988 година. Тој беше член од три шампионски тимови со Лос Анџелес Лејкерс (1985,87,88). Просекот во кариерата на Ворти во предсезонските натпревари беше составена од 21.1 поен и 5.2 скокови, кој беше повисок од регуларната сезона во кој изнесуваат 17.6 поени и 5.1 скокови.

Ворти го оствари својот прв трипл-дабл во неговиот најдобар натпревар во неговата кариера: Натпревар 7 од 1988 НБА финалето против Детроит, во кој Ворти даде 36 поени, 16 скокови и 10 асистенции. Тој исто го држи рекордот за најдобар процент во плејоф серија од 5 натпревари за два поени а тоа е (.721 во Финалето на западот против Денвер во 1985 година.

По својот најдобар натпревар го доби својот надимак " Клучен Џејмс".

Ворти ја доби наградата за Најневеројатен играч во фајнл-форот, неговите херојски потези беа замаглени со последниот шут на Џордан. Покрај неговата супериорност, беше судбината на Ворти да биде замаглен од неговите познати соиграчи: Џордан во колеџ, и Карим Абдул-Џабар и Меџик Џонсон во НБА.

Кога Лејкерси го добија најдобриот пик во 1982 година тие го добија Џејмс Ворти, кој одлучи да ја пропушти неговата последна година во Северна Каролина Ворти стана првиот пик што Лејкерси го добиле во првата рунда. Но таа година Лејкерси го имаа еден од најдобрите крила во лигата а тоа беше Џамал Вилкис кој беше на врвот на својата кариера. Во секој тим Ворти би бил ѕвезда а во Лејкерси тој се бореше за да игра.

Меџик тогаш изјави дека Ворти е неверојатно паметен играч кој има исто така многу добри физикалии.

 
 “И покрај тоа што беше прв пик на драфтот, тој реши да учи од Вилкис, и тој ја прифати улогата" изјави Меџик, и продолжи "Тоа ми кажа дека тој е тимски играч, и победник исто. Повеќето дебитанти би се жалеле и би сакале да си одат одма".

 

Ворти се појави во 77 натпревари пред да се повреди и да го пропушти плејофот во 1983 година. Неговиот процент за два поени беше најдобар од сите дебитанти во лигата и во Историјата на Лејкерс . Тој имаше просек од 13.4 поени и 5.2 скокови и беше избран во Дебитанскиот тим на годината.

Од кога Лејкерси го трејдуваат Никсон во Клиперси за Свен Нејтер , Ворти започна 53 натпревари како стартер, и Лејкерси се надеваа дека тој е човекот кој ке ги предводи до титули во следните три години.

Во НБА финалето 1984 година, Лејкерс изгубија од Бостон во трилер серија од седум натпревари во кој се играше два наптревари со продолженија. Тој во таа серија имаше просек од 17.7 поени и 2.7 асистенции.

Во сезоната 1984-85 Л.А. беше доминантниот тим во лигата. Тие го имаа вториот најдобар скор во регуларниот дел од сезоната позади Бостон и ги предводеа сите тимови во поени освен Денвер. Тие стигнаа до финалето со само 3 изгубени натпревари и ги победија Бостон во серија од шест натпревари во финалето.

Ворти беше трет поентер во екипата(17.6) и втор скокач(6.4), и имаше најдобар процент во тимот за два поени.

НБА титулата се врати во Бостон во сезоната 1985-86, иако Ворти ја имаше најдобрата сезона во кариерата таа година влезе во Ол-старот тим. Тој имаше просек на поени над 20.0 во сезоната, и тоа е прв пат кога Ворти имал просек над 20.0 поени во сезона. Тој се израмни со својот најдобар процент за два поени .579 во регуларната сеозна.

Следните две сезона тој докажа дека е клучен играч и со Лејкерси ги освоија двете титули и имаа најдобра сезона во 80-тите победувајки 65 натпревари. Тие ги победија Бостон во шест натпревари во финалето на НБА во 1987 година и Детроит Пистонс во седум натпревари во финалето за титулата во 1988 година, со тоа станаа прв тим во две декади кој освоиле две титули по ред.

Ворти беше неверојатен, имаше просек од 19.5 поени во двете сезони(22.4 во плејофот), тој стана одличен пасер од својата позиција. Неговите асистенции пораснаа до 3.5 во 1987-88. И во плејофот тој беше, како и секогаш КЛУЧНИОТ ЏЕЈМС.

Тој ја доби наградата за МВП на финалето. Тоа е најголемиот достиж на неговата кариера и беше избран во најдобрата петорка на сезоната.

Тоа беше послдната сезона на ерата на МЕЏИК,ЏАБАР И ВОРТИ. Лос Анџелес изгубија во 1989 година од Детроит во големото финале, изгубија од Феникс Санс во западното финале 1990 и паднаа на испитот од Чикаго Булс во 1991 во НБА Финалето. Но улогата на Ворти се зголеми.

Ворти ги предводеше Лејкерси во минути(36.5) и имаше просек на поени од 20.5 во сезоната 1988-89. Во 1989-90, тој ја имаше најдобрата сезона според статистика имаше просек од 21.1 поени и највеќе скокови во кариерата 6.0. Тој имаше просек од 24.0 поени во плејофот во двете години '89 и '90 и беше избран во двете години во третиот најдобар тим на годината.

Во 1990-91 , Ворти во просек даваше по 21.4 поени, најголем во сезоната. Но имаше најнизок процент за два поени во неговата кариера .492 првпат во кариерата да има под .500 во сезона. Лејкерси повторно стигнаа до финалето, по првата победа во серијата тие ги изгубија сите 4 по ред од Булсите на Џордан и тој ја освои првата титула во неговата кариера.

Тој одигра уште три сезони во НБА лигата и во сезоната 1994-95 се пензионираше. Во неговата кариера тој постигна 16.320 поени и камион полн со убави моменти.

 
" Ja паметам лигата по тоа што кога пристигнав почнав да тренирам со Меџик, Карим, Џамал, Никсон и други познати фаци" изјави Џејмс за Лос Анџелес Тајмс.

 

Тој ќе биде запамтен неговите неверојатни атлетски способности, брзината, елегантноста, одличните финиши на кошевите, и неверојатните забивања со една рака наречени "tomahawk". Ќе биде запамтен исто по неговите клучни поени, и по неговата прецизност за два поени кој е со процент од .544 и е меѓу најдобрите 10 во историјата на НБА.

Џејмс Ворти влезе во куќата на славните во 2003 година.

ЛИЧЕН КАРТОН:
ИМЕ: ЏЕЈМС АГЕР
ПРЕЗИМЕ: ВОРТИ
ВИСИНА: 205 ЦАНТИМЕТРИ
ТЕЖИНА: 102 КИЛОГРАМИ
ДРАФТ: 1 ПИК ВО 1982 ИЗБРАН ОД ЛОС АНЏЕЛЕС ЛЕЈКЕРС
СРЕДНО УЧИЛИШТЕ: АШБРУК
КОЛЕЏ: СЕВЕРНА КАРОЛИНА
НБА ТИТУЛИ : 3 (1985, 1987-1988)
МВП НА ФИНАЛЕ : 1 (1988)
ОЛ СТАР : 7 (1986–1992)

 

0 comments:

Post a Comment