Во секоја генерација се појавува играч кој можеме да го наречеме легенда, а тој е играч е Лери Бирд. Триаесет години играше со борбеност, констатност и доминантност на својата позиција, беше стрелец, скокач, додавач, дефанзивец, играч кој игра за тимот и кој дава се од себе.
Брд зрачеше со толку енергија и самодоверба во себе. Беше убиствен шутер, па некогаш на тренинзите погодувал тројки и со затвоерни очи. Во генерацијата на Бирд, единствено само Ирвин “Меџик“ Џонсон беше сметан за подобар играч и додавач од него. Малку играчи играчи играле толку борбено, фрлајќи се за изгубените топки во публика или во рекламите. Тоа не е ништо чудно што русиот играч од Индијана беше сметан за гордост на Селтикси или горд Селтик. Беше играч кој немаше конкуренција, кој уживаше во играта и ги тераше своите соиграчи да даваат максимум од себе .Како неговите предходници Кауси, Расел, Хавличек, Ковенс, Брд не бараше “светло од рефлекторите“ само за себе, туку побрзо го ваѓаше подоброто од соиграчите од кој беше опкружен. Но, ниту погоре наведените легенди на Селтикси не го полнеја толку познатиот “Бостон Гарден“ и не ги тераа луѓето од публиката на овации како што тоа го правеше Лери. Лери Брд – најдобриот бел кошаркар во НБА лигата на сите времиња.
Легендата за Лери е родена во малит град Френч Линк, “изгубениот“ град во многубројните полиња посадени со пченка. Тоа беше мал град во државата Индијана, каде неговото семејство водеше “спартански“ живот. Френч Линк имаше отприлика 2000 жители, но сите негови граѓани редовно беа гости на кошаркарските натпревари на Спрингс Воли Хајг Скул, бидејки државата Индијана својата кошаркарска традиција ја сфаќаше многу сериозно. Доаѓаа да го гледаат кошаркарскиот магионичар со “смешното име“ – Лери Џо Брд. По сериозната повреда по која Лери ја скрши ногата во втора година во средното школо, следната сезона Лери стана ѕвезда. Спринг Волеј имаше само два порази, а младиот Брд беше најпознатата личност во градот. Навивачите цело време беа спремни да ги возат родителите на Брд, низ градот, бидејки тие самите не можеле да си дозволат автомобил. Како матурант Лери освои титула за најдобар школски стрелец на сите времиња, а салата стана премала за примање на сите тие кој сакаа да го следат Брд, идната НБА ѕвезда .Преминувањето на студентскиот живот не му одеше од рака. Почна да игра кај Боби Најт за факултетот на Индијана. Потоа накратко отиде во локалниот Нортвуд Инситут (факултет), а потоа најде место во факултетот на Индијана Стејт. Притисокот во тој факултет беше многу помало него во Индијана Хорсеилси, во кој членуваа најугледните играчи во Америка и идни кандидати за НЦАА наслвот. Кога Брд стигна во Индијана Стејт, посетите на натпреварите се зголемија за околу 3100 гледачи, но како што правеше и во Спрингс Воли, и тука на својот тим му го подигаше расположението и желбата за победа, па дури и повеќе од тоа. Во текот на првата студентска сезона Брд постигнуваше просечно по 30 поени и 10 скокови по натпревар. Продажбата на влезниците стануваше се поголема и поголема. На ТВ почнаа да прикажуваат реклами со Лери. Студентите за да купат карта чекаа и по 8 часа во денот. Лери Бирд беше назив за најпопуларните игри на факултетите. Тимот на Лери беше несовладлив, па така станаа и број еден во НЦАА лигата. Но, Мичиган Стејт, предводени од високиот бек Ирвин Џонсон беа прејаки за Лери и дружината и така ги “нокаутираа“ во финалето во 1979 година, во можеби најдобриот натпревар во студентската кошарка. Но, ирд таа година беше прогласен за најдобар студенстки играч во Америка, а на драфтот веќе беше избран една година порано во 1978 од страна на Бостон Селтикси, надевајќи дека Бирд ќе ја прескокне третата година во студиите. И покрај тоа Селтикси беа спремни да чекаат бидејки веќе знаеја колку вреди момчето од Индијана.
Сезоната 1977/1978 “Келтите“ ја завршија со скор од 32 порази и 50 победи, најлоша сезона од 1950 година за тимот. Кога Брд објасни дека сака да остане уште една година во факултетот Селтикси паднаа на скор од 29 – 53, но Бирд во сезоната 1978/1979 пристигна во Бостон и му го овозможни најголемиот пресврт во една сезона некогаш виден во НБА лигата. Таа сезона момците од Бостон ја завршија со 61 победа и 21 пораз, освојувајќи го првото место во Атлантик Дивизијата. Иако, големиот “непријател“ Меџик Џонсон имаше имресивна сезона и ја освои титулата со Лејкерси, Лери Бирд е прогласен за Руки на сезоната. Одморот измеѓу сезоните, “Ирците“ од Бостон го искористија за да ги донесат центарот Роберт Периш, најдобриот 6ти играч Кевин МекКејл, кој здружени со Брд и Кердик Максвел, претставуваа еден од најдобрите тогашни тимови во лигата. Се беше “сложено“ за првиот прстен на Бирд кој стигна во 1981 година, по неверојатното враќање во финалето на Истокот. Филаделфија водеше со 3-1 во серијата, но Келтите со пресврт победија со 4-3. “Бирдоманијата“ завладеа во Америка. Навивачите не само што го полнеја Бостон Гарден, кој беше распродаен во 541 натпревар од карерата на Брд, туку и другите сали сведочеа за фантастичната игра на Брд. Заедно со Меџик, Бирд ја освежи НБА лигата, а нејзиниот слоган “NBA Action: It’s fantastic“ конечно имаше смисол. По само две сезони, навивачите, тренерите и играчите знаеа што е Лери Брд – голем стрелец и единствен играч. Неговата концентрација и идеја во играта беше неодминлива со кошарката. Саатите и саатите кој младичот ги потроши на својот шут добро му се исплатија во НБА .Ниту еден играч во таа кошаркарска доба не беше попрецизен од него и поконстантен шутер немаше од него во лигата. Во третата НБА сезона се појави и во втората одбрамбена петторка на лигата, иако беше релативно спор и не баш добар дефанзивец во играта “еден на еден“. Но неговиот инстантен осет за додавање многу пати му помогна да ги предвиди акциите на противниците и да ги пресече додавањата во клучен момент. Секогаш гледаше еден потез понапред. И тоа е она што го праваше подобар од останатите. Иако Лери собираше индивидуални награди, новиот НБА прстен стигна дури во 1984 година. Тоа беше финале за памтење, од една страна Меџик Џонсон, а од друга Лери Бирд, првата нивна пресметка од 1979 година и финалето од НЦАА лигата. Во петииот натпревар, на околу 40 степени целзиусови во Бостон Гарден, Бирд со 34 поени му ја донесе победата на Селтикси. Седмиот натпревар, кој постави рекорд во гледаност на ТВ, Лери го отслика со 20 поени и 12 скокови за нов НБА прстен и наградата за МВП на финалето. Следната сезона Селтикси мораа да им ја стиснат рака на “Езерџиите“ од ЛА, но кој знае што ќе се случеше ако Лери не го повредеше лактот во 6 натпревар од финалето. Тоа како додатно да ги налути Селткси, кој во 1986 година решија да одат до крај. Чекот за финалето го плати Хјустон, а Лери Бирд стекна статус на жива легенда. 16тата НБА титула за Селтикси, Лери ја зачини со многубројни признанија како МВП на финалето, МВП на лигата, Спортски играч на годината и атлета на годината. Ја предводеше лигата во погодени тројки, а неговото име можеше да се најде во најдобрите 10 во три статистички категории. Новото НБА финале Бирд го играше во 1987 година, но најинтересниот момент се случи во финалето на Истокот против “Бед Бојси“ (Детроит), кога Лери Бирд го одигра најинтелегентиот одбрамбен потез. Во петтиот натпревар од финалето на истокот на само 5 секунди до истекот на времето, Селтикси губеја со резултат од 107-106. Бирд тогаш, на големо изненадување на сите во салата, го пресече додавањето на Ајзеа Томас и го проигра Денис Џонсон, кој погоди за победа. Нивниот триумф психички ја сврте целата серија и “Келтите“ стигнаа до своето 4 НБА финале во 4 години. Таму ги чекаа старите “познаници“ Лејкерси , кој славеја со 4-2 во серијата. Бирд тогаш веќе имаше над 30 години, а проблемите со грбот беа се поголеми, и не е чудно што му побегна 4 НБА прстен. Но во тој момент , Бирд не го кажа последниот збор. Следната сезона против Индијана, стана првиот “Келт“ кој постигнал 40 поени и 20 скока на еден натпревар. Таа сезона ја заврши со просек од од 29.9 поени во просек што му беше најдобар учинок во кариерата. Посебен момент за пеметење е дуелот во полуфиналето на Iстокот против Атланта. Новинарите тоа го нарекоја “нерешен дуел“. Од едната страна на обрачот беше Доминик Вилкинс, а на другата Лери Брд. Во последната четвритина од натпреварот Бирд постигна 20 од своите 34 поени, со што ги доведе на Селтикси до финалето на Истокот. Преку Пистонси, Бирд и друштвото не можеа. Тоа беше последната успешна сезона на најпознатиот играч на Индијана. Поради операцијата на петата ја пропушти скоро цела 1988/1989 сезона, а почетокот на крајот се виде две години подоцна кога пропушти 22 натпревари. Сеонзата 1991/1992 беше последна за Бирд. Проблемите со грбот го натераа да пропушти 37 натпревар, а дури и во такви моменти изненадувањата не престанаа. Во 1992 година на натпреварот против Портланд во 4/4 постигна 16 поени со шут за изедначување на резултатот во последните моменти. Натпреварот го заврши со 49 поени, 14 скока, 12 асистенции и 4 украдени топки, но крајот на кариерата опасно се приблужуваше. Едно од последните остварувања во кошарката беше златниот медал со единствениот “Дрим Тим“ оној од Барселона. Своето замнување го објави на 18.август 1992 година, а кошарката остана посиромашна за уште една вистинска легенда. Управата на Бостон одма пронајде нова работа за својата голема ѕвезда. Иако е прогласен за помошен тренер на Бостон, Лери во главно се досадуваше. Му недостигаше возбудата од играта, секоја нова сезона бараше начин да се врати во НБА лигата и конечно си замина од Бостон и ја прифати понудата на Индијана за главен тренер. Иако никогаш самостојно не водел некој тим, Пејсерси смирено го прифатија, а Бирд не ги разочара. Во три сезони оствари 147 победи и 67 порази и прогласен е за тренер во 1998 година, а Индијана го играше финалето таа година против Лејкерс.Поразот од Шек и друштвото од Холивуд беше знак дека Бирд сака да замине од тренерски води, па тоа и го направи. Лери Брд беше камен темелник на обновата на “пропаднатите“ Селтикси во касните ’70 години од минатиот век .Бостон освои нови 3 НБА титули и 10 титули како прваци на Атлантик Дивизијата. Брд на тоа му додаде и многу лични достигнувања и награди. Брд беше предмет на обожување од страна на фановите од Селтикси и за сите љубители на кошарката. Неговиот шут од 9 метри со неверојатното отсвртување преку 3 одбрамбени играчи сеуште се прераскажува помеѓу сите среќници кој имаа шанса да го гледаат најдобриот бел играч на светот. Лери Бирд обликуваше една цела генерација на кошаркарски навивачи кој доаѓаа на натпревари и знаеа да ја ценат НБА и нивната основна поента, пружувањето на вистинска забава.
ЛИЧЕН КАРТОН :
ИМЕ : ЛЕРИ
ПРЕЗИМЕ : БИРД
ПОЗИЦИЈА : КРИЛО
РОДЕН : 7 ДЕКЕМВРИ 1956
ВИСИНА : 206 ЦМ
ТЕЖИНА : 98 КИЛА
СВЕТИЛИШТЕ : ИНДИЈАНА СТЕЈТ
ДРАФТ : 6 ПИК ВКУПНО НА ДРАФТОТ ВО 1978 ГОДИНА ИЗБРАН ОД БОСТОН СЕЛТИКС
0 comments:
Post a Comment