
Фановите на НБА играта развиена од „2K“ франшизата од октомври ќе бидат пријатно изненадени кога како опција помеѓу екипите со кои можат да играат ќе се најде и оригиналниот Дрим тим од Барселона 1992. година.
Тоа е најголемиот новитет кога е во прашање 2К13, игра која се очекува со нетрпение, а од која покрај легендите од ОИ пред 20 години, дел ќе биде и составот на САД кој неодамна во Лондон го одбрани олимпиското злато.
Така, НБА фановите ќе можат, кога веќе тоа не е реално можно, да ги спротивстават легендите со денешните ѕвезди во натпревар, во кој Коби Брајант пред ОИ 2012 изјави дека неговиот тим би можел да излезе како победник.
Сепак, тие кои ќе играат со сегашната репрезентација на САД ќе имаат малку полесна задача со оглед на тоа дека Дрим тимот во „NBA 2К13“ наместо 12, ќе има 11 играчи во својот состав.
Ѕвездата која недостига е Скоти Пипен, кој единствен од тој легендарен тим нема да се најде во популарната компјутерска игра. Причина за тоа се високите барања на Пипен, кој наводно сакал да му биде платена подеднаква сума како тие кои ќе ги добијат Мајкл Џордан, Меџик Џонсон, Лери Бирд и Чарлс Баркли.
Од 2КSports не го прифатиле тоа барање и одлучиле Дрим тимот да биде составен од 11 играчи, ускратувајќи им го притоа задоволството на своите фанови да играат со комплетниот Дрим тим, онака како тој настапи на ОИ во Барселона.
Преземено од : http://on.net.mk/sportal/kosharka/pipen-izbrishan-od-drim-timot
0 comments:
Post a Comment