Home » , , » Рондо: „Јас сум најдобриот плејмејкер во НБА” !

Рондо: „Јас сум најдобриот плејмејкер во НБА” !

Written By Anonymous on 15.8.12 | 21:58

Запрашан од страна на еден француски новинар што мисли за своите квалитети, Рондо самоуверено изјави: „Мислам дека сум еден од најдобрите плејмејкери во лигата. Мислам дека сум најдобар PG во лигата.” Дури и навивачите на Бостон, кои и тоа како го ценат најверојатно не го делат неговото мислење. 

Во лига, во која има плејмејкери од калибарот на Крис Пол, Дерон Вилијамс, Расел Вестбрук, Дерик Роуз, Стив Неш, Тони Паркер, Кајри Ирвинг и Стефан Кари, да се прогласиш себеси за најдобар сепак е малку арогантно. Несомнено е дека и Рондо според своите квалитети е дел од оваа елита, но сепак да се самопрогласиш за најдобар е премногу.

Нормално е секој играч да биде прашан што мисли за себе, каде се става на листата на најдобри, прашања кои се очигледно тешки затоа што повеќето играчи одбиваат да се фалат, но истовремено и не сакаат да се потценуваат.

Одговорот на Рондо само ја наметнува дебатата кој е најдобар PG во НБА лигата? А одговорот е различен. Секако дека Рондо е во конкуренција на најдобрите, на Дерик Роуз (МВП за сезоната 2010/2011), Тони Паркер (троен шампион), Стив Неш (двоен МВП), па дури и Крис Пол. Одговор на Рондо мора да се смета за фалење и за аронгантен, бидејќи како прво мора да биде свесен за свиоте квалитети, за квалитети на останатите и притоа да биде објективен и да се почитуваат колегите и нивните достигнувања. 
Од друга страна пак, неговата изјава нема никакво значење. Сосема очигледно е дека за фановите на Селтикси Рондо е број 1 на својата позиција, додека пак за другите, меѓу кои се и “хејтерите” како и навивачите на другите екипи, најдобар ќе биде токму плејот на нвната екипа (Паркер за Спарси, Пол за Клиперси, Неш за Лејкерси).

И пак се поставува прашањето дали Рондо е најдобар? Можеби. Можеби не. Како и да е, тоа е прашање каде одговорот се добива на теренот. Се надеваме дека Рондо ќе го докаже токму тоа.

0 comments:

Post a Comment