Меџик Џонсон

Written By Unknown on 15.8.12 | 14:45

144186744_10----130924-alltimegal


Ретки се играчите кои доминираат во кошаркарските натпревари, а да не постигнат ниту еден поен.

 Меџик Џонсон беше еден од нив. Внесе нови стандарди во НБА лигата. До неговата појава не беше чуено за плејмејкер висок 205 цм. Шоутајмот на Лејкерси во 80' години во минатиот век го водеше само еден играч – Меџик Џонсон. Се уште се потеќаме како под кошот ја прима топката и трча од еден до друг крај на теренот. Со топката в рака, понекогаш ќе влезеше под кош и ќе поентираше, ќе забиеше, понекогаш и во фацата на противникот. Но, најдобра работа беше кога додаваше .Ќе погледнеше на една страна, а потоа ќе ја додадеше на соиграчот кој веќе трчаше кон кошот. Асистенциите без гледање, беше милина да се гледаат. И затоа секоја чест за сите останати врхунски плејмејкери, но таков осет за асистенции имаше само еден играч, а тоа е МЕЏИК. Во себе ја имаше таа способност да ја предвиди акцијата пред таа да се одигра. Беше највисокиот плејмејкер во историјата. И со тоа ја револуционираше играта во свој стил. И ниту еден играч на негова висина не го прави тоа денес. Ако треба да се бира идеална петторка од историјата на НБА лигата единицата за Меџик е загарантирана. Но тоа што го одвојува од другите е тоа што на соиграчите ги праваше подобри отколку што тие беа.

Ирвин “Меџик“ Џонсон е роден на 14 август 1959 година во Лансинг, мал град во сојузната држава Мичиган, одалечен сат и пол возење од Детроит. Меџик порасна со деветчлено семејство, неговите родители Ирвин и Кристин имаа 7 деца. Меџик беше 4 од вкупно 7 (Квинси и Лери и сестрата Перл беа постари од него, а сестрите Ким и близнаците Евелин и Ивон беа помлади). Освен тие 7 деца Ирвин и Кристин Џонсон имаа три деца од минатите врски кој не живееа со нив, но тие често ги посетуваа.

За на децата да им овозможат што полесен живот, неговите родители вредно работеле. Таткото секогаш работел во подружницата на Џенерал Моторс, а работел и уште една додатна работа, додека мајката ги одгледувала 7те деца и работела во школото. Иако имаа големо семејство, секогаш имале доволно за јадење.Децата не имаа секогаш се што ке посакаат , но секогаш имало за да се најадат и да бидат здрави.

Меџик кошарка сериозно почна да игра во средното школо Еверт. Беше главна ѕвезда на средношколскиот тим. Но пред почетокот на 4та година се му се случи трагедија во приваниот живот. Неговиот најдобар пријател Реџи Крастин погинува во сообраќајна несреќа. Колата на Реџи била погодена од пијан возач кој не застанал на знакот “Стоп“. Реџи умрел на лице место.Со него во колата требало да биде и Меџик, но во последен момент откажал бидејки имал други планови. Каква судбина.

Во четвртата година од средната школа тимот имал скор од 27-1, а ја освоија и тутлата. Му ја посветија на Реџи. Во финалето Меџик постигна 34 поени и 14 скокови .Во таа сезона просечно постигнуваше 28 поени и 16 скока. Следеше тежок избор: на кој факултет да се запише. Доби понуди од најдобрите факултети во Америка. Можеше да бира каде ке оди. Изборот на крај се сведе на двa, Мичиган или Мичиган Стејт , а Меџик го одбра Мичиган Стејт .Иако Мичиган имаше подобар тим од Стејт. Еден новинар го праша зошто го одбра М. Стејт кога сите знаат дека Мичиган има многу подобар тим.

 

“Не ме интересираат минатото и репутациите“ – рече Меџик.“Сето тоа што ме интересира е иднината. А јас во Мичиган Стејт го гледам новиот НЦАА шампион.“


 

Пред доаѓањето на Меџик во факултетот главен спорт беше американскиот фудбал. Мичиган Стејт на кошаркарскиот Фајнал Фор беше само еднаш и тоа во 1957 година .Но со доаѓањето на Меџик се се смени.Сезоната пред да дојде тој Стејт имаше скор од 10-17, а во сезоната на Меџик 25-5. За прв пат во историјата на светилиштето Мичиган Стејт имал повеќе од 20 победи во сезона. Само една победа ги делела до Фајнал Фоурот: изгубија од подоцнежниот првак Кентаки. Но во втората година се им се врати. Имаа скор од 26-6, а Меџик ги доведува Мичиган Стејт до НЦАА титулата победувајќи ги во финалето Индијана Стејт предводени од Лери Бирд. Меџик на тој натпревар постигна 24 поени, 7 поени и 5 скока. Прогласен беше за МВП. Тоа беше најдоброто финале во историјата на НЦАА турнирот. По две години на светилиштето го покажа она што покасно го гледавме во НБА лигата: ол-араунд играч кој диригира со нападот и го води својот тим до титулата.

По две години во светилиштето се одлучува да излезе на драфтот. Во родното место на Меџик, Лансинг, многу луѓе беа зачудени што се реши да го напушти светилиштето за само две години. Некои спортски новинари беа уверни дека со тој потез Меџик ја направил најголемата грешка во својот живот.

Тие на него гледаа вака: “Тој играч не може да скокне, не може да трча, не е ни добар шутер. Тој можеби е убедлив, но навистина не е спремен за играње во НБА. Негов најдобар потез би бил тој да остане таму каде што уште две години.“

Иако тоа никој денес нема да го признае, менаџментот на Лејкерси беше прилично загреан за Меџик. Знаеа дека е талентиран и дека се интересираат за него. Но повеќе беа заинтересирани за два играчи: бекот шутер Синди Монкриеф и крилниот центар Дејдив Гренвуд. Челниците на Лејкерси исто така беа скептични и за Меџик. Мислеа дека нема да успее против професионалци. Исто така беа загрижени за неговата висина. Во тоа време стручњаците гледаа дека ако е превисок за да игра плејмејкер, нема да успее. Освен тоа, Лејкерси имаа еден добар плејмејкер, Норм Никсон.

Но, на крајот Лејкерси сепак се одлучија за Меџик и историјата покасно покажа дека не згрешија.

Меџик Џонсон беше избран како прв пик на драфтот 1979 година. А како Лејкерси го добија првиот пик? Интересна приказна.

Двата тима со најслаби скорови фрлале паричка. Првиот тим беа Чикаго Булс кој беа последни на Истокот, а на Запдот последни Њу Орлеанс Хорнетси.И овде сета ситуација се закомплицира .Во 1976 (додека Меџик беше во средно школо) Њу Орлеанс потпиша договор со дотогашниот играч на Лејкерси, Гаил Гудиџ, кој беше слободен агент. Според тогашните правила, Њу Орлеанс му должеше на Лејкерси компензација за потпишувањето со Гудиџ. И така им го дадоја првиот пик на драфтот во 1977 и 1979 година.

И така Лејкерси, кој во сезоната 1978/79 имаа скор од 47-35 и играа во плејофот, заедно со Чикаго имаа најголеми шанси за првиот пик. Среќата тогаш била на страната на Лејкерси кој по фрлање паричка го добија првиот пик.

Меџик дојде во Лејкерс – една од најталентираните екипи во лигата: клучен играч на екипата беше феноменалниот Карем Абдул – Џабар, во првата петорка уште беа Џамал Вилкс, Џим Чонс и Норм Никсон .Од клупата беа и Мајкл Копер и Спенсер Хејвуд. Меџик имаше фантастично деби за Лејкерси: 26 поени, 8 скока и 4 асистенции. Лејкерси својата прва утакмица од сезона ја играа во Сан Диего против Клиперси и победија благодарение на Џабар кој постигна кош со звукот од сирената. Одма по натпреварот Меџик беше толку возбуден што пријде до него и скокаше околу него го гушкаше се радуваше како да ја освоил титулата. Но кога го погледнал изразот на лицето на Џабар ништо не му било јасно .Кога дошле до соблекувалната Џабар му рекол :“Ирвине смири се, мораме да одиграме уште 81 натпревар.“

Но, Меџик не сакаше да го промени својот стил. Секогаш играше со страст, и со време неговите соиграчи ке мораат да се навикнат на тоа. Таа возбуда на Меџик подоцна ја донесе магијата во Лејкерси.

Во руки сезоната Меџик имаше одлични бројки: 18 поени, 7 скока и 7 асистенции по натпревар. Стартуваше на Ол Стар натпреварот, и стана прв руки играч кој стартувал на Ол Старот по Елвин Хејс. Во плејофот во 16 натпревари бележеше 18 поени, 10 скока и 9 асистенции, и стана тек вториот играч кој во првиот натпревар од плејофот имал трипл-дабл учинок. Меџик не беше Руки на годината, таа чест му припадна на Лери Бирд, но затоа неговите Лејкерси ги играа финалињата против Филаделфија предводена од Џулиус Ирвинг. Карем Абдул играше одлично во финалето, но во натпреварот број 5 се здоби со тешка повреда. Пред натпреварот бр. 6 и официјално беше потврдено дека нема да игра поради повреда. Со тоа Лејкерси доживеаа голем удар, Карем не патуваше ни со тимот, туку натпреварот го гледал во својот дом во Лос Анџелес.
Лејкерси во тие моменти водеа со 3-2 и шансите да ја освојат титулата без Џабар , беа минимални.

Џамал Викс :“Сите мислеа дека ке се игра 7 натпревар, сите освен Меџик.“



 

 

Меџик пред натпреврот само рече: “Не плашете се бидејки бројот 32 е тука.“



Тренерот Весхед пред натпреварот му рече дека ќе стартува на позиција центар намесото на Џабар .Меџик го одигра најдобриот натпревар во својата кариера: 42 поени, 15 скока, 7 асистенции, 3 украдени топки и 1 блок ! Шутот од игра му беше 14-23 и од линијата за слободни фрлања 14-14! Кога не постигнуваше поени топката му ја додаваше на Вилкс кој постигна 37 поени. Меџик на тој натпревар играше на секоја позиција, бек, крило, центар и крилен центар. Точно, играше на сите 5 позиции. Тоа беше една од најдобрите индивидуални партии во историјата на лигата, а Меџик со 20 години стана легенда.
“Не знам дали ќе го направеше ова Карем како што го направи Меџик“- рече Џулиус Ирвинг.“Дечкото е играчиште“.

Меџик не заборави на Џабар по натпреварот и во интервјуто рече: “Карем знам дека те боли глуждот, но сеедно зошто не станеш и не заиграш ?“

Потоа додаде: “Биг Фел, тоа го направив за тебе.“

 

Секако, Меџик беше МВП на финалето. Стана првиот, засега единствениот руки во историјата на лигата кој е прогласен за МВП на финалето. Освен тоа, стана трет играч кој ја освоил НЦАА титулата и НБА титулата во руки сезона, и со тоа им се придружи на Бил Расел и Хенри Биби.

Следната сезона ја пропушти поради повреда на левото колено и отсуствуваше на 45 натпревари. Летото 1981 година потпиша договор со Лејкерси – 25 милиони евра на 25 години. Тоа тогаш беше пресден во спортскиот свет и најголемиот договор во историјата на НБА лигата.

1982 - Меџик повторно ги води Лејкерси во финалето и до титулата.Втор пат е МВП на финалето, повторно страдаше Филаделфија во 6 натпревари.

1984 - Прв пат играат финале против Бостон – прв дуел Бирд-Меџик во финалето.Селтиксите на Бирд подобри во 7 натпревари.

Но, најдоброто следеше следната сезона. Во финалето во 6 натпревари ги победуваат Селтикси, а титулата ја освојуваат пред Бостон – и стануваат првиот тим во историјата кој успеал да освои титула сред Бостон .Таа година Лејкерси имаа веројатно подобар состав: Меџик, Скот, Ворти, Рамбис, Џабар, Купер, МекОдо,Викс, Купчак.

Меџик никогаш не постигнуваше многу поени. Впрочем тоа не беше неговата вистинска задача. Лејкерси и онака имаа доволно опции во нападот без него. Но во сезоната 1986/87 тренерот Пет Рајли го предложи следново: Меџик ке биде опција број 1 во нападот, а Џабар кој се ближи до 40те години, ќе биде повеќе во игра кон крајот на сезоната и во плејофот. Од таа причина истата сезона Лејкерси го доведуваат солидниот бек-ап центар Мајкл Томпсон.

Меџик таа сезона ја одигра најдобро во кариерата. Постигнуваше 23.9 поени во натпревар, најмногу во кариерата. Беше најдобар асистент на лигата со просек од 12.2 асистенции. Ја освои и МВП наградата, прв пат од 1964 оваа награда да ја добие плејмејкер. Исто така беше и МВП на финалето. Во тој дуел против Селтикси, Меџик повотрно ја покажа својата големина. Се играше натпреварот бр.6 во Бостон, Лејкерси водеа 2-1 во финалето.7 секунди до крајот Бостон води со 106-105. Мајкл Купер ја изведува топката од страна и му ја додава на Меџик. Тој тргнува сам кон средината на рекетот, го чува МекКејл и на 5 секунди до крајот погодува хорог преку Кевин МекКејл. Тоа беше победнички кош. Тој шут Меџик го нарече “џуниор-сакј хук“

 

 Лери Бирд тогаш рече :“Очекувавме дека Лејкерси ќе не победат со хорог шут. Но не очекувавме дека тоа ќе го стори Меџик.“



 

Меџик често знаеше со Џабар да тренира хорог и трудот на крај му се исплати. Кога Меџик за прв пат му рече на Џабар да го научи на хорог, Џабар делуваше малку зачудено .А како и не : во лигата беше 15 години и никој до тогаш не му рекол или го замолил за такво нешто. Но Џабар беше среќен што Меџик го прашал и така тие двајца на секој тренинг тренираа и работа на хорогот. Џабар прво ќе шутнел еден хорог, а потоа Меџик ке морал да го направи истото.Со време Меџик се разви во солиден шутер на хорог, а тоа најдобро се гледа во погоре наведениот натпревар.

Лејкерси ги победија Селтиски во 6 натпревари, а Меџик за трет пат беше МВП на плејофот.

1988 - Лејкерси во финалето ги победуваат Детроит Пистонси во 7 натпревари. Тоа е последниот шампионски прстен за Меџик. Лејкерси за прв пат од 1969 ја освојуваат титулата едно по друго.

1989 и 1990 - Меџик ја освојува за втор пат наградата за МВП, а во 1991 го поминува Оскар Робертсон по број на асистенции и станува најдобар асистент во историјата на лигата.(Стоктон покасно ќе ги премине и двајцата)

14. септемви 1991 се ожени за долгогодишната девјока Еарта “Куки“ Кели со која се запознал на светилиштето Мичиган Стејт. Имаа две деца, синот Ирвин III (13) и ќерката Елиса (11) која е посвоена. Меџик има и син Андреа (25) кој е од предходната негова врска.

7. ноември е еден од најлошите денови во животот на Меџик: тогаш се објавува дека е позитивен на ХИВ вирус, и дека се повлекува од терените.Тоа до тогаш беше гром од ведро него.До тогаш не беше позната ниту една позната и популрана личност дека е позитивна на ваков вирус.
“Мислев дека најтешка работа во животот ке ми биде играњето против Мајкл Џордан и Лери Бирд, а најтешката работа која морав да ја направам во животот беше да и кажам на мојата сопруга дека сум позитивен на ХИВ вирус.“ -рече Меџик.

Со тоа го шокира кошаркарскиот свет. Но некако неговото име беше на гласачките ливчиња за Ол Стар натпреварот каде навивачите го избраа во почетната петорка на Западот. Не само што играше на ОЛ Старот туку одигра натпревар за паметење: 25 поени и 9 асистенции и беше избран за МВП на Ол Старот. Тоа беше единствениот натпревар што го изигра Меџик таа сезона.

Тоа лето со Американската Репрезентација го освојува Златото на ОИ во Барселона во финалето против Хрватска. Меџик и Бирд добија голема чест да бидат капитени на единствениот и неповторливиот “Дрим Тим“

Меџик на факултетот дипломирал за телекомуникации. Од секогаш го интересирало коментирањето на НБА натпреварите, па таа диплома добро му дојде кога од 1992 до 1994 година беше коментатор на НБА натпреварите на ТВ програмата НБЦ.

Во март 1994 стана тренер на Лејкерси и ги водеше во последните 16 натпревари од сезоната, а тимот оствари скор од 5-11, но на крајот од сезоната се повлече од местото на главен тренер во тимот.

Во сезоната 1995/95 Меџик се врати поворно во лигата и повторно го носеше дресот на Лејкерси. Првиот натпревар го одигра на 30 јануари 1996 против Голден Стејт и забележа одлични бројки 19 поени,10 асистенции и 8 скока. Таа сезона одигра 32 натпревари, но тоа не беше оној добриот стар Меџик. Со 113 кила поголемиот дел од времето го играше како крилен центар. По поразот од Хјустон во првата рунда од плејофот Меџик дефинитивно се повлече. Кариерата ја заврши со 17707 поени и 10141 асистенции.

1996 - Избран е меѓу најдобрите 50 играчи кој играле во НБА лигата. Освои 5 титули со Лејкерси. Вкупно 9 пати настапуваше во финалето. За време на ерата на Меџик, Лејкерси просечно имаа по 59 победи во сезона, а вклучувајки ги регуларниот дел од сезоната и плејоф натпреварите Меџик во својата кариера забележа 893 победи и 364 порази. Трет е по асистенции во историјата на лигата (зад Стокотон и Марк Џексон), а има најдобар просек на асистенции во натпревар во НБА лигата 11.2. Четири пати е биден најдобар асистент на лигата (1983, 1984, 1986, 1987). Два пати по ред е биден најдобар во украдени топки (1981 и 1982). Исто така тој е најдобар и најпрецизен во слободни фрлања со процент на шут 91.1 %. Девет пати по ред е избран во најдобрата петорка во лигата. Изразот трипл дабал во голема мерка измислен е благодарени на Меџик. По вкупниот број на остварени трипл дабали во историјата се наоѓа на второто место со 138. Најмногу има Оскар Роберстон 181. Во негово време луѓето воопшто не знаеа што значи трипл дабл. Затоа тој израз е внесен благодарејки му на Меџик Џонсон бидејки тој на секој 7ми натпревар правел трипл-дабл учинок.

Да не се вратеше на паркетите во 1996 Меџик во 1998 година би влегол во куќата на славните (Хал од Фејм) заедно со најголемиот противник Лери Бирд. Вака тој е примен во 2002 година, заедно со хрватската легенда, Дражен Петрович.

Меџик денес има своја фирма, Меџик Џонсон Ентерпрајс, со седиште во Беверли Хилс. Во неговото царство се наоѓаат кина, кафичи, ресторани, теретани. Сопственик е и на 5% од Лејкерси и се наоѓа во членството на клубот : тој е потпретседател. Се што се прифаќа Меџик успешно тоа го прави. Денес е успешен бизнисмен .Да беше сопственик на некој НБА клуб, сигурно би бил успешен и во тоа. Единсвен “промашај“ му е Ток Шоуто кое го водеше во 1998 година. Се викаше Меџик Аур, а траеше само неколку месеци.Освен тоа не му требаше ниту влегување во тренерските води во 1994 година, а не требаше и да се враќа на паркетот во 1996 година. Многу успешен во тоа што го мисли, роден победник, Меџик Џонсон со овие промашаи покажа дека и тој е обичен смртинк, човек од крв и месо.

Меџик Џонсон освои многу луѓе со својата насмевка. Тој човек како никогаш да не престанува да се смее. Тој зрачи со топлина и малку луѓе водат живот како него. Тој не престана да се смее ниту кога имаше ХИВ. Кога некој не губи волја за живот кога ке добие ХИВ, на тој човек мора да му се оддаде признание и почит. Веднаш по објавувањето дека има ХИВ, тој се појави во так-шоуто на Аресиа Хал цело време беше насмеан како ништо да не се случило.

Таков е Меџик Џонсон, величенствената насмевка никогаш не му “бега’’ од лицето. Најдобриот плејмејкер во историјата на кошарката, победик на теренот и надвор од него.

 

МЕЏИК ЏОНСОН И ЛЕРИ БРД:

Меџик против Брд, Брд против Меџик. Нивните кариери се заплеткаа така што тешко беше да се замислат еден без друг, едниот да се спомне, а да не се спомне другиот. Двајцата пораснаа во големи семејства (Брд има 5 браќа, а Меџик шест). Двајцата одбраа факултет блиску до дома. Двајцата во младоста изгубија драги личности. Таткото на Брд се самоуби, а најдобриот пријател на Меџик загина во сообраќајка. Двајцата се апсолутно спротивни, Брд е некако мирен и повлечен, додека Меџик е секогаш со насмевка на лицето. Но, нивниот начин на размислување беше исто, тимот секогаш им беше на прво место. Тоа беше одлично ривалство. Се започна на 26. март 1979. година кога во финалето на НЦАА лигата се сретнаа Мичиген Стејт и Индијана Стејт. Ривалството се продолжи во НБА лигата и во 80' години ги претвори Селтикси и Лејкерси во смртни непријатели.

Иако играа само два пати во регуларната сезона (во една сезона), еднаш во Л.А еднаш во Бостон, тие натпревари и ден денес се сметаат за најдобри во историјата. Ако денешните деца сакаат да научат како се игра вистинска кошарка мораат да ги погледнат натпреварите помеѓу Лејкерси и Селтикси од 80' години.

Во НБА лигата играа еден против друг 37 пати, а Лејкерси во тие натпревари имаат скор од 22-15 (во регуларната сезона скор од 11-7, а во три НБА финалиња Лејкерси имаат скор од 11-8). Во освоени титули исто така водат Лејкерси, 2-1.

“Кога секое лето ќе го објавеа распоредот за новата сезона, јас одма ги заокружував натпреварите со Бостон. За мене тоа беа два натпревари и останати 80.“ - вели Меџик.



 

Тимовите на Меџик и Брд освоија 8 од 10 титули во 80‘години. А во тие 80' години или Меџик или Брд се појавуваа во секое финале.

Најдобрата изјава за нив можеби ја даде големиот Пет Рајли велејќи:

 
“Имаат различни способности, доаѓаат од различни околини. Но, нивниот состав на вредности беше еднаков. Доколку едниот беше прв, мораше и другиот да биде. Така ќе бидат запишано во историјата.“

 

Што друго да се каже освен дека покрај што беа големи противници на теренот, беа и големи пријатели надвор од него...

 

ДВА СПОМЕНИЦИ ВО ЧЕСТ НА МЕЏИК

Едниот се наоѓа на кампусот на светилиштето Мичиган Стејт.Ставен е есента 2003 година.

Другиот гордо стои пред салата на Лејкерси, Стејплс Центарот.

Бронзениот споменик висок скоро 6 метри е ставен во 2004 година во церемонија која насочи да бидат просутни стотина луѓе, меѓу кои и беа Дејвид Штерн и градоначалникот на ЛА.

На церемонијата Меџик изјави: “Кога пред 25 години дојдов во овој преубав град не очекував вакво нешто.Овој споменик е заблагодарување на секој играч со кој играв.“

ЕДЕН ОД РЕТКИТЕ :

Меџик Џонсон е еден од само тројцата играчи кој во историјата на лигата освоиле НЦАА титула во средно школо, на светилиште, НБА титула и ОИ Злато. Другите двајца се Џери Лукас и Квин Бакнер.

ЛИЧЕН КАРТОН :

ИМЕ : ИРВИН
ПРЕЗИМЕ : ЏОНСОН
ПОЗИЦИЈА : ПЛЕЈМЕЈКЕР
РОДЕН : 14.08,1959 ВО ЛАНСИНГ, МИЧИГАН
ВИСИНА : 205 ЦМ
ТЕЖИНА : 102 КИЛА
НБА ТИТУЛИ : 5 (1980, 1982, 1985, 1987, 1988)
СВЕТИЛИШТЕ : МИЧИГАН СТЕЈТ

0 comments:

Post a Comment