Home » , » Ставот на Даг Колинс во врска со трејдот на Игаудала за Бајнам

Ставот на Даг Колинс во врска со трејдот на Игаудала за Бајнам

Written By Dragan on 11.8.12 | 16:55

Тренерорт на Филаделфија Даг Колинс, кој моментално е во Лондон како дел од коментаторската екипа на "NBC Sports", синоќа го даде своето мислење за трејдот кој го направи тимот на Севентисиксерс. 

Филаделфија ги доведе Ендру Бајнам и Џејсон Ричардсон, но се откажаа од услугите на Андре Игудала.

„И тоа како сум задоволен со она што го направи управата на Филаделфија. Добивме Ол-Стар играч во Ендру Бајнам, играч кој може да скока, да поентира од рекетот и да блокира шутеви - нешто што очајно ни требаше.“ - изјави Даг Колинс Колинс

„Џејсон Ричардсон е извонреден шутер. Лошо е што моравме да се откажеме од играч од калибарот на Игуадала, кој имаше извонредна кариера во тимот и даваше се од себе на секој натпревар. Го ценам неговиот придонес и му посакувам се најдобро во Денвер.” - додаде Колинс.

0 comments:

Post a Comment