Home » , » Минесота Тимберволвс - За нови почетоци

Минесота Тимберволвс - За нови почетоци

Written By Anonymous on 11.8.12 | 18:13

Минесота Тимберволвс - Тим создаден во далечната 1989 година, во градот Минеаполис. Град во кој пред многу многу години играле добро познатите Минеаополис Лејкерс, предводени од првата НБА ѕвезда Џорџ Микан. Тим кој има само еден повлечен број и само една дивизиска титула ...

Од 1995 година во тимот "царува" Кевин Гарнет, кој е приморан и во некои моменти да игра и како плејмејкер во тимот. Во 2007 година тој си заминува и ништо не е исто.
Но во 2008 година играч по име Кевин Лав одбран е како 5. пик на драфтот и им дава голема надеж на фановите на Минесота за нов почеток, за нова дивизска титула, но секако никој играч не освоил титула сам, па ниту Кевин Лав не го може тоа.
Една година подоцна, во 2009 Минесота повторно има шанси да одбере добар играч на драфтот, а и тој како и Кевин Лав е избран со 5. пик на драфтот, но останува во родната Барселона уште 2 сезони и конечно во 2011 година, Рики Рубио се решава да дојде во ладната Минесота. Исто така Минесота лани го имаше и 2. пик на драфтот, со кој го одбраа ниското крило Дерик Вилијамс, кој добро им ја освежи играта на таа позиција.

Минесота лани играа и повеќе од одлично за разлика од минатите сезони, а Рубио внесе свежина во тимот ги разигра апсолутно сите во својот тим. Кевин Лав играше брилијантно,  Дерик Вилијамс беше одлична замена за него, ветераните како Риднаор, Бареа и Рендолф си ја одиграа својата препознатлива игра, но сепак се беше светло и мазно се до дуелот против Лејкерс на 9. Март оваа пролет, кога младиот Рики на крајот на натпреварот се судри со ѕвездата на Лејкерси Коби Брајант и заработи сериозна повреда на коленото, ги искина лигаментите на коленоот. Од тогаш Минесота се загуби, не играше добро, ја изгуби својата битка за плеј-офот, но покрај се Кевин Лав повторно остана лидер на тимот и постигна најмногу во кариерата - 51 поен во натпревар против Оклахома, неколку недели подоцна.

Во меѓувреме поранешната ѕвезда на Портланд Траил Блејзерс, Брендон Рој најави враќање на паркетите. Главен кандидат за да се придобие Рој беа Лејкерси, но сепак Минесота влезе во игра и целосно го презеде 3 - кратниот Ол Стар и руки на годината во 2007. На 31. јули на голема радост на сите кошаркарски фанови на НБА лигата, Брендон Рој се врати токму во тимот кој го одбра на драфтот во 2006 година  - Минесота Тимберволвс.

Исто така и поранешниот играч на Јута Џез Андреи Кириленко на 27. јули оваа година потпиша договор со “волците“. Заедно со Рој им даваат надежи на Минесота повторно по долго време да се најдат во магичниот плеј-оф.
Исто така, за Минесота ова лето потпиша и Чејс Бадиџер од Хјустон, што дополнително ја зајакнува позицијата на SF.

Минесота како тим долго чекаше за да се прегради себеси во плеј-оф тим, со навистина добри таленти во ростерот, што може да го одведат својот тим и подалеку од само пласман во плеј-офот. Со силна стартна петорка, силна поддршка од клупата и навистина добар тренер, очекувајте доминација на Минесота во својата дивизија за неколку години !



0 comments:

Post a Comment