Home » , » Дурант: Некој го налути Брајант

Дурант: Некој го налути Брајант

Written By Anonymous on 9.8.12 | 23:14


,,Незнам што се случи, но некој го изнервира Коби на полувремето, го препознав по очите дека е лут, знаев дека може се да се случи во второто полувреме'' - изјави Дурант.

САД лесно ја совлада репрезентацијата на Австралија со резултат 119-86 во четвртфиналето на кошаркарскиот турнир во Лондон и се изборија за полуфинале во кое ќе играат против репрезентацијата на Аргентина.

На полувремето Коби Брајант замина во соблекувалната со 0 погодоци, но во продолжението се разбуди ѕвездата на Лејкерси и им ,,пресуди'' на противниците со своите 20 поени.

,,Ние сме спремни'' - изјави Кармело Ентони најавувајќи го полуфиналниот дуел против Аргентина. Пред четири години во Пекинг американците во полуфиналето играа токму против Аргентина, натпревар кој лесно го добија и се пласираа во големото финале.

,,Нашите шанси се можеби 5%. Можеби претерувам, но сепак ќе дадеме се од себе и ќе им се спротиставиме на американците. Одиме на се, па што биде, нека биде'' - изјави најдобриот аргентински кошаркар - Џинобили.

0 comments:

Post a Comment