Home » , » Пол Пирс: „Не ми е сеедно, но сеуште сме браќа со Реј

Пол Пирс: „Не ми е сеедно, но сеуште сме браќа со Реј

Written By Dragan on 4.8.12 | 01:39

Двајцата легенди во Бостон Селтикс, Реј Ален и Пол Пирс конечно се раздвојуваат. По пет одиграни сезони заедно и еден шампионски прстен освоено, Пирс и Ален ќе играат еден против друг веднаш на отворањето на сезоната.

Се повеќе и повеќе, можеме да сватиме дека играчите на Бостон Селтикс полесно го преболуваат заминувањето на Ален во Мајами, отколку фановите на Бостон.
Но, овој факт не значи дека им е сеедно за заминувањето на Реј.

Пол Пирс беше запрашан од една новинарка од BostonCeltics.com за тоа дали имал конверзација со Ален откако тој потпиша за Мајами Хит.
Еве што одговори капитенот на Селтикс :

„Имавме неколку збора. Не ми е сеедно за тоа што тој замина во Мајами, но сепак сеуште сме браќа со Реј.“ - изјави Пирс.
„Ќе биде малку чудно. Но сепак, јас и пред се од организацијата на Бостон Селтикс ќе му бидеме благодарни за се што направи за нас. Реј засекогаш ќе биде брат со мене. Ако не беше тој, јас можеби немаше да носам шампионски прстен на мене.“ - додаде Пол Пирс.
Беше очекувано од Реј Ален да продолжи во друг тим. И додека Док Риверс проба да ја превземе вината за заминувањето на Реј, фактот е што тој не сакаше да влегува во игра од клупата позади Авери Бредли и не беше сигурен за тоа дали Рондо сеуште ќе му ги мести омилените шутеви. Реј Ален сакаше да биде посакуван од некој тим, отколку да биде трејдуван на последниот ден од преодниот рок.

0 comments:

Post a Comment