Home » , » ГМ на Репторс даде изјава зошто не го драфтувал Андре Драмонд

ГМ на Репторс даде изјава зошто не го драфтувал Андре Драмонд

Written By Anonymous on 17.11.12 | 22:52


Дали е поважен талентот, интелектот или работната навика кога се драфтува еден играч?

Сите сме добри проценувачи за да кажеме дали изборот на драфтот пред 3 години бил добар или не, но секој GM што ќе ви каже дека би го одбрал Кевин Дурант наместо Грег Оден тогаш, лаже!

GM на Рапторс, Брајан Коланџело во прес-конференцијата оваа недела зборуваше за тоа што тој бара од еден играч на драфтот?

“Има список: талент, физички предиспозиции, кошаркарска интелегенција, како настапуваат на терен, како ние претпоставуваме дека би постапиле. Карактер, Емоции и др. Секоја компонента од овој список е дел од изборот. Најважно е што играчот носи во себе.“

“Одбирајќи осми, Јас пропуштив играч што гo сметав за топ 5 талент на драфтот и играч кој според мене беше во топ 3 атлети, бидејќи мислев дека нема да се вклопи во мојот тим како што треба.“

Како осми пик на драфтот во 2012 година, Рапторси го одбраа Теренс Рос од Вашингтон, кој моментално неможе да стане од клупата за резервни играчи, но сепак се смета за атлетски граден бек шутер со доста потенцијал.

Како деветти пик, Пистонс го одбраа Андре Друмонд од Укон. Кога ќе го погледнете редоследот на драфтот ќе сфатите дека Коланџело мисли токму на Друмонд - скаутите ги обожаваа неговите вештини и изграденост, но прашањето беше дали тој може да остане фокусиран и да созрее како НБА играч.

Се досега во сезоната, Друмонд го покажува токму спротивното остварувајќи висок процент на реализација и неколку опасни летечки акробации.

Ризикот беше - Друмонд беше многу млад, и затоа Коланџело го пропушти целиот талент да избега. Но, ако го одбереш играчот со милионско вредно тело, а пет центи вредна глава, можеш да го добиеш новиот Квами Браун. Драфтувањето е повеќе како уметност отколку наука во некои моменти, зачинето со малку среќа.

0 comments:

Post a Comment