Home » , » Џорџ Карл и Ерик Сполстра се избрани за тренери на месец Март

Џорџ Карл и Ерик Сполстра се избрани за тренери на месец Март

Written By Unknown on 1.4.13 | 22:51

Тренерите на Мајами Хит - Ерик Сполстра и Денвер Нагетс - Џорџ Карл беа именувани за најдобри стратези во текот на изминатиот месец Март.

Тимот на Ерик Спостра во изминатиот месец имаше само еден пораз и рекорд од 17-1, што вклучуваше и 15 последователни победи од почетокот на месецот, пред победничката низа да допре на 27 победи. Сполстра, кој најбрзо стигна до 250 победи во својата кариера, ги носи Мајами Хит до најдобриот рекорд оваа сезона, на само 20 дена до крајот на сезоната.

Џорџ Карл со своите Нагетси постигна рекорд од 13 победи и само 2 пораза во текот на месецот Март, што всушност беше најдобар рекорд во западната конференција. Поразот од 86-110 од Њу Орлеанс на 25ти Март ја прекина низата од 15 последователни победи, но сепак Денвер сеуште ја поседува низата од 18 победи на домашен терен и рекорд од 33-3 во Пепси центарот, што е најдобар во НБА лигата. Денвер го поседува и третиот најдобар рекорд во западната конференција, со рекорд од 50-24. 

Други номинатори за оваа награда беа: Рик Карлајл, Френк Вогел, Лајонел Холинс и Мајк Вудсон. 

0 comments:

Post a Comment