Home » , » Крис Пол и неговиот “најдобар пријател“ Папа Чили

Крис Пол и неговиот “најдобар пријател“ Папа Чили

Written By Anonymous on 28.12.12 | 23:17


Плејот на Л.А Клиперси пред деценија остана без најдрагата личност...

Случката која сигурно ќе ве погоди, на 15т ноември 2002 година, во една ладна вечер петторица младичи скокнаа на 61 - годишниот стрец кој шеташе во Белви паркот во местот наречено Луисвил. Насилниците го врзаа старецот, устата му ја затворија со изолир лепак, а потоа го тепаа со метални цефки. Го тепаа до смрт, само за да стигнат до неговиот паричник за да му земат неколку долари повеќе....

Се испостави дека тој 61 - годишен старец по име Нејтан Џонс прекаруван како Папа Чили, е дедо на идната НБА ѕвезда Крис Пол кој во тој период требаше да отиде на универзитетот Вејк Форест. Деценија покасно, петторицата младичи кои го убија Џонс се возрасни луѓе кој седат во затворот, некаде далеку во Северна Каролина и го гледаат Крис Пол еден од најдобрите плејмејкери во НБА лигата како од меч во меч фасцинира со својата игра.

Сите оние се приближно на исти години како Пол, од иста населба, иста боја на кожа и сите беа со слични интереси. Секој на свој начин... За Крис Пол дедото Џонс беше идол и во моментот кога остана без него - како да заврши во затвор. За петторицата негови убијци остана само малку. Сепак после се што се случи Пол не е луд на тогашните деца кој овој злочин го направија пред скоро 15 завршени лета...

“Би сакал да сум тука и да можам да разговарам со нив... Да им кажам дека не им се лутам, да им кажам дека им простувам... Тоа што го направија е страшно, пострашно е тоа што поради неколку долари си пресудија да поминат зад решетки добар дел од животот“,

смета Пол. Истото го чувствува и Гренева Брајант - мајката на еден од тие петторица убијци - Крстофер Брајант.

“Вели дека мрази што е во затвор? Мразам и јас, секој ден се повеќе и повеќе. Мојот син е таму од својата 15та година. Сега има 26. Му останаа уште 5 години“,

вели оваа жена. Дорел Брејбој (25) исто така има уште пет години, Џемал Толивер (25) мора да лежи уште шест години. Двајцата браќа Нејтан Котен (26) и Рејшон Банер (25) ќе го поминат својот живот зад решетки. Сепак, ваквата емпатија за Крис Пол е големо изненадување за сите амерички полицајци.

“Веројатно во кариерата сум решил повеќе од 30 случаи на убиства. И можам со сигурност да тврдам дека членовите на фамилиите се чувствуваат лошо, така вели и тврди Пол. Тоа воопшто и не се случува“,

вели инспекторот Пол Херцог. Сепак, човекот за да знае колку се во право, великодушните зборови на Пол, мора најпрво да има увид колку сегашниот плеј на Клиперс и неговиот дедо биле блиски. Многу кои имаат баба, дедо, тетка, стрина - како да ги немаат. Ниту ги посетуваат, ниту поминуваат квалитетно време со нив дружејќи се. Едвај ги знаат нивните имиња. Крис Пол и неговото семејство биле тотална спротивност.

Од мали нозе беа заедно, се што можеше да се прави го правеја заедно. За Крис Пол и неговиот брат, Нејтан Џонс немаше надимак на дедо. Тие го викаа “Мојот најдобар пријател“. Од денот кога Крис Пол стави потпис на договор со Вејк Форест, прв кој му ја стави студентската капа беше Нејтан Џонс. Прв кој му го облече дресот беше Нејтан Џонс. Неговата среќа траеше само еден ден. Следниот е убиен.

Кога судбината си игра и ги тера обичните деца на погрешен начин да дојдат до “репутација во друштвото“, се случува трагедија. Ниту еден од петторицата убијци порано не е апсен. Се се случи бизарно, без план и акција. Само сакаа да опљачкаат некого. Парите не им требаа, не знаеа зошто го прават тоа. Но, го направија и веќе нема назад.

Крис Пол во тој момент сеуште настапуваше за своето средно школо Вест Форсит. Кога ги слушна овие ужасни вести неколку дена не беше во школската клупа. Се разболе, падна во депресија, добиваше температура, повраќаше. Три дена по ужасниот настан кој му го промени животот и му го зеде “најдобриот пријател“ Крис Пол даде 61 поен. По натпреварот рече:

“Да, тоа е 61 поен. Секој поен за по една година животот од мојот Папа Чили“,

рече Пол кој намерно го промаши последното слободно фрлање, а потоа во солзи се сруши на рацете на својата мајка која го посматраше од првите редови. И повторно болен падна во постела. Како што велат оние што го познаваат, тој ден вети дека секогаш кога ќе игра на теренот ќе се боди до последниот атом сила. Дека секогаш ке игра во мислите на својот Папа Чили во главата. Велеше дка ќе најде сила да го направи горд, горе негде на небото.


“Што и да се случи - секогаш ќе ми недостасува. Беше повеќе од дедо. Беше мој најдобар пријател. Разбирам дека никогаш нема да се врати. На почетокот, ми беше драго кога знаев дека неговите убијци се зад решетки. Но секога кога сум постар ќе помислам - зошто би се радувал, си ги упропастија и своите животи, и животот на мојата фамилија. Тоа нема да го врати назад, нема назад“,

вели Пол за еден од своите најдобри пријатели. И што направи Пол потоа? Му напиша писмо на гувернерот од Северна Каролина и бараше да се смалат казните за убијците на неговиот дедо. Во тоа писмо наведе дека тие во тој момент биле само деца и не знаеа што работат и што прават во тие моменти.

Жалбата е одбиена. И многу ќе речат “нека ги казнат и за трите наредни животи ако треба“. Многу да, но Крис Пол - не. Бидејќи како што вели тој неговиот дедо го научи на се. Едно е сигурно, лекцијата која покрај кошарката совршено ја разбра е љубовта...

0 comments:

Post a Comment