Home » , » НБА Повратници

НБА Повратници

Written By Anonymous on 9.8.12 | 21:23


michael jordan33

Летото кое не е олимписки, покрај ова, не им носи некоја голема возбуда на љубителите на кошарката.Тука е летната лига, составувањето на тимовите за следната сезона, разни трејдови, како и многубројните шпекулации за можни трејдови.

Секоја пензионирана НБА ѕвезда, па и да не е ѕвезда по пензионирањето во овие летни денови, му се враќа желбата за да се врати на терените и да изигра во најголемо ниво.Но сепак многубројните кошаркари се пензионираат од 3 причини : заситеност од кошарка, болест (повреда) и старост.

Повратниците скоро па рамномерно распоредени во овие категории, но од втората категорија можат да бидат бившите Траил Блејзери Грег Оден и Брендон Рој кој двајцата се пензионираа поради повреда.Рој пред некој ден потпиша договор со Минесота, додека за Оден не се знае дали ке се врати или не.Треба да се спомене дека најголемата желба за Рој е повторно да заигра за Траил Блејзерси, но сметајќи дека тие го амнестираа, по новиот колективен договор тоа не е можно.

За останатите повратници повеќе во деталниот текст, а почнуваме со оној за кој многу тврдат дека е најголем.

МАЈКЛ ЏОРДАН 
Најпознат по ова сигурно е Мајкл Џордан, кој од пензија во НБА не се врати еднаш туку два пати.За пензија почна да размислува летото 1992 по освојувањето на златото со Дрим Тимот.Изигра уште една сезона, освои и трета титула по ред победувајќи ги Санси во 6 натпревари, со просек од 41 поен по натпревар.Секако ја доби наградата за МВП на финалето, а поразениот Баркли мораше да се задоволи со наградата само од МВП на сезоната.

Кој знае за што размислуваше Џордан во летото 1993 можеби се предомислил и ја продолжил кариерата, а јавноста никогаш не дозна за планивите за рана пензија.

Тогаш стигна и 5 август 1993 година.Полицијата во Северна Каролина го најде телото на Лехус Џејмс Џордан, таткото на Мајкл, кој со семејството немал контакт од 22 јули.Телото веќе било распаднато, но го идентификуваа со помош на забниот картон и истражителите подоцна потврдија дека е убиен ноќта на 23 јули, а за убиството се обвинети двајца тинејџери и осудени на доживотен затвор.

Скоро два полни месеци по убиството, на 6 октомври Мајкл објави дека ја прекинува кошаркарската кариера.Татко му му бил неговиот најголем поттик, најголемиот навивач и поддршка, а на простувањето рече дека не му било жал што го прави тоа бидејќи татко му го гледал на неговиот последен натпревар.

Со почетокот на февруари 1994 по неколку месечно тренирање, Мајкл потпишува за бејзбол тимот Чикаго Вајт Сокс.Заменувањето на кошаркарската топка со бејзбол палка, не го промени сопственикот гледајќи дека Џери Реинсдорф, спственикот на Булси и Сокси продолжи да му дава плата како тој никогаш да не се пензионирал.Играше за два бејзбол тима, беше просечен како удирач, истакнат по бројот на украдени бази, каде очигледно му помогнаа рефлексите и брзината.

Првата сезона Булси без Мајкл ја одиграа добро, завршувајќи со скор од 55-27 и испаднаа во втората рунда на плејофот од Никси.Сезоната после тоа се појавија потешкотии и во средината имаа скор од 31-31 и беше неизвесно дали ќе играат во плејофот, а потоа уште една бомба на 18  март Џордан повторно се огласи на медиумите.Во дописот на 18 март 1995, беа два збора :“I’m back” (се враќам).Тоа беше доволна првиот натпревар на Џордан по враќањето да има најголема гледаност на НБА натпревар од 1975 година.Тоа беше прв натпревар на Џордан со бројот 45 кој го носеше во Бирнимгем Бејронс бејзбол тимот за кој настапуваше.Бројот 23 не можеше да го носи затоа што е повлечен по заминувањето на Џордан од кошарката.

Повратничката сезона ја заврши во плејофот, во поразот во 6тиот натпревар од Меџик, а по коментарите дека тој не е веќе оној стариот, жестоко тренираше и повторно почна да го носи дресот со број 23.Повторно освои три титули по ред, а по 6тата титула тимот почна да се распаѓа.Договорот на тренерот Фил Џексон истече, Скоти Пипен сакаше да биде трејдуван, а Денис Родман потпиша договор со ЛА Лејкерс.

Мајкл по втор пат се пензионира на 13 јануари 1999 година, а по 6 дена се враќа во НБА како сопственик на Визардси и дел од кошаркарските опрерации на тимот.Имаа негативно мислење за него во главно поради изборот на Квоми Браун на драфтот во 2001 година.

Како играч повторно се враќа во сезоната 2001/02 во која поради повреда изигра 60 натпревари, но успеа да биде најдобар играч во својот тим.Во поселедната сезона 2002/03 како играч од негов калибар настапува на Ол Стар (вк. 14 учевства), а против Филаделфија ја затвора својата богата кариера.Во својата последна сезона бележеше 20 поени, 6,1 скок и 3,8 асистенции по натпревар.

ИРВИН “МЕЏИК“ ЏОНСОН
Уште еден кошаркар кој од мирна совест и без многу расправи и коментари можеме да го ставиме во оваа листа.

По 13 сезони со ЛА Лејкерси, 5 освоени прстени, есента 1991 на редовниот систематски преглед за сезоната што следи, Меџик Џонсон беше позитивен на вирусот ХИВ.Тоа го објави и на новинарската конференција на почетокот на октомври 1991 година, и секако се повлече од кошарката и вети дека ке продолжи да се бори со вирусот.Покрај тоа избран е на Ол Стар натправарот, кој го одигра одлично и ја освои МВП наградата.Покрај тоа, некој играчи изјавуваа дека не треба да игра бидејќи може да ги зарази и другите.Тие играчи му го оневозможија враќањето на Меџик на терените следната сезона, иако летото настапуваше за Дрим Тимот во Барселона, и го даде најдоброто од себе.

Во првата пензија, Меџик имаше своја кампања за едуцирањето за сида, сигурниот секс, а патуваше и со кошаркарскиот тим во кој играа бивши НБА ѕвезди и колеџ играчи и работеше како коментатор на НБЦ.

Во целата приказна, најинтересна на жалост е неинформираноста дека сидата не влијае на целото тело на Меџик, и тој ја задржа формата и играта по што остана болен, но во 1991 година да се има сида се добива смртна казна.

Многу спортски коментатори и аналитичари се плашеја дека Меџик нема да преживее до ОИ, 10 месеци откако објави дека има СИДА.Но Меџик не попушти и остана силен со крената глава, срамотно за некој кој во 80 заедно со Лери ја изгради лигата.

Во интервју кое имаше можност да го даде минатата сезона рече дека сигурно нема да заминел да ја има сидата денес.На среќа, имаше храброст да се врати во 1994 година, прво како тренер на Лејкерси на крајот на сезоната, а потоа купи и акции во тимот (5%), за во сезоната 1994/95 со 36 години да се врати повторно и да игра на позицијата на крилен центар каде што бележеше 14,6 поени, 6,9 аситенции и 7,5 скока.

КЕВИН ЏОНСОН
Денеска неговото име се споменува во контекстот за градење за новата сала на Сакраменто Кингс, во иднина дека е повторно избран како градоначалник на Сакраменто, првиот Афроамериканец.

Кариерата ја почнува во Кливленд, но набрзо сменет е во Санси каде останува до крајот со неколку враќања.Уште во првата сезона покажува каков играч ќе биде, и ќе влезе во елитното друштво на Ајзеа Томас и Меџик Џонсон.Во 1990 година во финалето на западот неговите Санси во 5 натпревари ги победуваат Лејкерсите на Меџик, а Џонсон потполно го надигрува Меџик.

Најблиску до титулата стигунва во 1993 кога заедно со Чарлс Баркли, МВПто на регуларниот дел на сезоната во финалето игра против Булсите на Џордан, но потопени се во 6 натпревари.

Колку Џонсон беше важен за Санси говори и сјајниот податок дека во 3 натпревар се играа 3 продолженија, а Кевин Џонсон постигна 25 поени и ги одигра скоро сите минути 62 од можни 63 и така постави рекорд на одиграни минути во финалето.


Иако не им донесе титула, дојде до возбудување, надежот за титула и секако напнатоста и интензитето на плејоф кошарката.Во 1993 година имаше проблеми со коленото, беше на две операции и до 1996 пропушти 109 натпревари од сезоната, а само еден натпревар од плејофот.

Се пензионира на крајот на 1997/98, а се врати со 6 натпревари од плејфот во сезоната 1999/2000 како замена за повредениот Џејсон Кид и им помогна на Санси да победат во првата плејоф серија по 5 години.Испаднаа во втората рунда од Лејкерси и после тоа Џонсон се пензионира по втор и последен пат.

БРЕНДОН РОЈ
6тиот пик од драфтот во 2006 година, Рој заедно со Олдриџ требаше да биде новиот камен темелник од Траил Блејзерси.

Најмногу фален поради својата градба, поради тоа што може да игра плејмејкер, бек шутер, па и ниско крило.Играч кој има многу мека рака, вештина со топка, дриблинк.Иако сам си ствара простор за шут, има мека рака, покретеност и брзина.Несебичен е креативе, знае да забие на многу начини, но најдобар е од полудистанца кога ке направи простор за шут ретко промашува.Лесно дава поени од слободни фрлања, не поседува ексползивен прв чекор кон одбрамбената линија, но поседува добри финти и дриблинзи.Во одбрана е добро ангажиран, но не колку во нападот, но затоа тоа што не го прави во одбрана го прави дупло во нападот.

Во своето НБА деби, на Супер Соникси им постигна 20 поени во вториот натпревар постигна 19.Прво пропушти 20 натпревари поради повреда на петата, но по враќањето го направи и својот прв дабл-дабл, па за неколку месеци беше најдобар руки што и е јасно зошто ја освои наградата за најдобар дебитант.Следната сезона беше ОЛ СТАР резерва, најдобар играч на Блејзерси, а имаше и повредата на раката што не влијаеше многу на неговата ига.Во пред сезоната 2008/09 ја направи првата операција на коленото, но беше спремен за игра.Постигна 52 поени против Санси и настапи на Ол Стар.

Во сезоната 2009/10 потпиша максимален 4 годишен договор со опција за 5та година, но пред плејофот се повреди и мораше на операција, се врати на кратко во плејофот.

Почетокот на крајот почна на крајот на 2010 година кога стана очигледно дека колената нема да му издржат и во 2011 објави артоскопска операција на двете колена.Се врати во плејофот во првата рунда против Далас и во 4/4 од натпреварот постигна 18 поени, потсети на најдобрите денови и ги однесе Блејзерси до победа 84-82 и до изедначување на серијата кој на крајот загубија во 6 натпревари.

Пред почетокот на локаутот, објави дека поради манјакот на ’рскавиците на двете колена нема да може да ја продолжи кариерата и се пензионира, а Блејзерси го амнестираа.

Оваа година со завршувањето на плејофот објави дека се враќа, по што објави дека имал иста операција како и Коби минатата сезона.Јули потпиша договор со Минесота и им се придружи на Кевин Лав и Рики Рубио.

ЏОНАТАН БЕНДЕР
Остана уште Џонатан Бендер кој по 7 поминати сезони во Пејсерси се пензионира во 2006 година, поради слабите сезони и повредите.Во Пејсерси немаше значајна минутажа, но со сите сили сакаше да се врати во НБА и го стори тоа во 2009 година кога со Никси потпиша минимален договор и одигра 25 натпревари, а стартуваше само една, и имаше просек од 5 поени.

За крај, еве еден мал оф-топик.Вилт Чамберлеин најпознат по тоа што постигна 100 поени и што во сезоната 1961/62 имаше просек од 50,4 поени и 25,7 скока, како и по споредбите со Бил Расел, од кој редовно губеше, по НБА кариерата, се сврте кон одбојката поради својата висина (2,16) и беше релативно успешен.Имаше свој тим, го промовираше тој спорт, повремено играше и со професионалци и е влезени и во одбојкарската Куќа на Слави, и е еден од ретките спортисти кој е член на две славни куќи.

Чамберлеин по завршетокт на кариерата на запре, беше во одлична кондиција и размислуваше за враќање во НБА, со 45 години доби понуда од Кливленд, а со 50 години од Њу Јорк Никс, но двете ги одби.

0 comments:

Post a Comment