Home » , » Се очекува Двајт Хауард да го пропушти почетокот на сезоната

Се очекува Двајт Хауард да го пропушти почетокот на сезоната

Written By Dragan on 12.8.12 | 14:56

Двајт Хаурад ќе го пропушти почетокот на сезоната 2012-2013, бидејќи сеуште ќе се опоравува од операцијата на грбот од Април, дознаено од повеќе извори.

„Моето здравје е одлично” - вели Хауард. „Станувам многу посилен и подобар секој ден. Едвај чекам докторот да ми каже дека можам да играм, го чекам тој ден.” 

Во петочната прес-конференција, и Хауард и Мич Купчак беа оптимистични дека ќе може да биде во игра од почетокот.

„Ќе видиме што ќе каже докторот” - рече Хауард. „Ако сум спремен да бидам на првиот натпревар ќе бидам таму, но нема да форсирам. Грбот е многу сериозна работа, па затоа ќе чекам додека не сум 100 % опоравен. Сакам на сите да им дадам се што имам.“ - додаде Хауард.

„Сигурни сме дека ќе се врати” - вели Купчак, ГМ на Лејкерс. „Се надеваме дека ќе се врати за  тренинг - кампот, се надеваме дека ќе се врати за почетокот на сезоната, но знаеме дека ќе се врати и ќе игра на својот врв за некое време.”

0 comments:

Post a Comment