Home » , » Џермејн О'Нил потпиша со Феникс Санс

Џермејн О'Нил потпиша со Феникс Санс

Written By Dragan on 12.8.12 | 14:27

Феникс Санс потпиша договор со ветеранот Џермејн О’Нил за наредната сезона. Овој 33-годишен центар во Феникс доаѓа од Бостон, а едногодишниот договор ќе му донесе 1.35 милиони долари.

О’Нил во последните осум сезони поради хронични проблеми со коленото одигра само 61% од натпреварите во НБА. Во последните 2 сезони во дресот на Бостон, имаше само 49 настапи.

Во текот на својата кариера 6 - кратниот Ол-Стар играч имаше просек од 13.7 поени и 7.4 скокови, а минатата сезона имаше просек од 5 поени и 5.4 скокови по натпревар

Феникс на О’Нил ќе му биде шести различен клуб во кариерата по Портланд, Индијана, Торонто, Мајами и Бостон.

0 comments:

Post a Comment