
Слушбените интернет страници на најјаката кошаркарска лига на светот на своите посетители им имаа поставено анкета за мислењето за тоа кој ке биде најдобар руки следната сезона.
Дури 47% од љубителите на кошарката за најдобар руки го избраа центарот на Њу Орлеанс Хоретс Ентони Дејвис, 19 - годишникот кој стигна од НЦАА првакот Кентаки, и кој имаше златна шанса да игра со ОИ тимот.
Второто и третото место го зазедоја Демиан Лилард (6ти пик) и крилниот играч на Шарлот Бобкетс и соиграчот на Дејвис во Кентаки Мајкл Кид Гилкрист (2 пик).
Кога е во прашање одбраната, љубителите на кошарката го избраа Кид Гилкрист пред Девјис.
Со 17,6 % гласови како физички најдоминантен го избраа Квинси Ејси (Торонто 37 пик) и Пери Џонс (Оклахома 28 пик), додека играчот на Атланта Џон Џенкис (23 пик) уверливо со 48.6 % го гледаат како најдобар шутер меѓу руките.
За најдобар плејмејкер се очекува да биде Кендал Маршал од Санс (13 пик).
Во истата прилика беше прашано и прашањето кој ке биде најмногу фаворизиран.На прво место е ЛеБрон со 31 посто, а втор е Коби со 18.1 посто.
0 comments:
Post a Comment