Home » , » Мемфис го чува тронот, победа за Лејкерси

Мемфис го чува тронот, победа за Лејкерси

Written By Anonymous on 1.12.12 | 11:37


Гризлиси рутински стигнаа до победата на Детроит и останаа на чело на лигата. Славеја и останатите фаворити - Лејкерси, Тандерси, Никси, Нетси и Селтикси.

Мемфис со триумфот над Детроит потврди дека е најпријатно изненадување во лигата. Гризлиси извлекоја крај со Пистонси 90-78. Тоа беше 4та победа по ред за тимот од Тенесија, кој и натаму има најдобар скор во НБА (11-2). Најефикасен кај Мемфис беше Руди Геј со 18 поени, а поен помалку имаа Марк Гасол и Мајкл Конли. За Пистонси 17 поени имаше центарот Грег Монро, а Тајшан Принц даде 15 поени.

“Не сакаме да победуваме само. Овој тим може многу повеќе. Полни сме со самодоверба, имаме сјајна атмосфера во тимот. Иако е почеток, ова е сезона од соништата.“ - вели Геј.

Се радуваа и Лејкерси. Тимот од Л.А после неколку слаби партии, конечно одигра како што знае, дома ги совладаа Нагетси 122-103. Тоа што е посебно важно е тоа што тимот не беше предводен од Коби Брајант (14 поени). Улогата лидер ја презеде Ентоан Џејмисон, и од клупата даде 33 поени и 12 скока. Расположен беше и Џоди Микс со 21 поен, додека под кошевите доминираше Двајт Хауард со 28 поени и 20 скока, а тој и даде тројка, прв пат после 6 години.

Интересно е дека за прв пат од 1998, два играчи од клупата на Лејкерси дале преку 20 поени, а од рака тоа им пошло на Брајант и Ник Ван Ексел пред 14 години. Бледите Нагетси беа предводени од Галинари со 19 и Игуадала со 14 поени.

Низата на победи ја продолжи и Оклахома, ова беше 4та победа по ред, против Јута со 106-94. Спектакуларно шоу имаше Расел Вестбрук кој имаше 23 поени, 13 скока, 8 асистенции и 7 украдени топки. Кевин Дурант додаде 25 поени, а неговиот имењак Мартин 19. Кај Џејзерите Енес Кантер стигна до рекорд во кариерата - 18 поени, додека Ал Џеферсон 16.

Бостон без суспендираниот Ражон Рондо излезе на крај со Портланд - 96-78. Џеф Грин од клупата даде 19 поени, го пратеја Џејсон Тери со 17 и Пол Пирс со 12 поени. Кај Блејзерси на кој ова им е 4 пораз по ред, се истакна Олдриџ со 23 поени.

Највозбудливиот натпревар е одигран во Атланта, каде Кливленд ги изненади Хокси - 113-111. Јунак на мечот беше Алонсо Џи кој после промашивањето на Дион Вејтрес, успеа да ја фати топката под кошот и да поентира на 0.4 секунди до крајот. Хокси можат да се жалат бидејќи на 5 минути до крајот имаа предност од 97-89, но беа слаби во финишот. Џереми Парго ги предводеше Кавси со 22 поени, Вејтрес додаде 21, а 7ми дабл дабл по ред запиша феноменалниот Андерсон Варежо со 20 поени и 18 скока. Во тимот на Атланта најдобар беше Џош Смит со 25, а по 15 додадоја Џеф Тиг и Ал Хорфорд.

Минесота пред своите навивачи го совлда Милвоки со 95-85. Кевин Лав со стомачен вирус имаше дабл-дабл, 15 поени и 14 скока, исто како и Никола Пекович со 14 поени и 16 скока. Црногорскиот центар постави рекорд во скокови. Важна улога имаше и рукито од Русија, Алексеј Швед кој даде 10 од 16те поени во 4/4 од натпреварот. Бакси беа предводени од бековскиот тандем - Брендон Џенингс и Монта Елис кој имаа по 18 поени, додека Лери Сандерс дојде до трипл-дабл, 10 поени, 12 скока и 10 блока. Со 10те блока се изедначи со клубскиот рекорд кој го држеше легендарниот Карим Абдул - Џабар.

Бруклин не попушта. Нетси стигнаа до 5тата победа по ред, овој пат славеја над Орландо со 98-86. Сите играчи од првата петторка на Нетси имаа двоцифрена предност, беа предводени од Џо Џонсон со 22 поени. Џералд Валас додаде 20 поени, Ендру Блеч 14, а Крис Хамфрис и Дерон Вилијамс по 11 поени.

Исто како комшиите од Бруклин, и Никси немаат намера да застанат. Никси им одржаа лекција на слабите Визардси со 108-87, а го задржаа и одличниот учинок во Медисон Сквер Гарденот (6-0). Кармело Ентони и Џ.Р Смит имаа по 20 поени, 12 додадоја Рони Бруер и Тајсон Чендлер кој имаше и 10 скока. За Визардси Џордан Крофорд даде 17 поени, и рукито Бредли Бил 14 поени.

Денешни Резултати :

Торонто Репторс 101-97 Феникс Санс
Шарлот бобкетс 98-104 Филаделфија Севенти Сиксерс
Орландо Меџик 86-98 Бруклин Нетс
Бостон Селтикс 96-78 Портланд Траил Блејзерс
Њу Јорк Никс 108-87 Вашингтон Визардс
Атланта Хокс 111-113 Кливленд Кавалирс
Мемфис Гризлис 90-78 Детроит Пистонс
Оклахома Сити Тандер 106-94 Јута Џез
Минесота Тимберувулвс 95-85 Милвоки Бакс
 Сакраменто Кингс 92-97 Индијана Пејсерс
Лос Анџелес Лејкерс 122-103 Денвер Нагетс

0 comments:

Post a Comment