Гледајќи ги сериите помеѓу Клиперс и Гризлис (2-2), можете да заклучите зошто тимовите вложуваат толку труд за да ја осигураат предност од домашен терен.
Шампионските тимови ќе победат секаде, без разлика на се'. Но во овие серии, воочуваме дека тимовите играат многу подобро на домашен терен, што резултираше и со по две победи на домашен терен.
Како што сериите повторно се селат во Ел-Еј за натпреварот број 5, Клиперс треба да се надеваат дека сеуште играат во добра форма на домашен терен, како и во првите два натпревари.
“Мораме да играме со повеќе енергија во нас.“ - изјави Крис Пол. “Ние победивме два натпревари на домашен терен, тие исто така на нивниот терен, па борбата за победа на својот терен сега е многу важна. Мораме да излеземе и да играме со истиот интензитет како и во првите два натпревари. Сега се работи само за три натпревари и секој момент е важен.“
“Мораме да победиме вечерва. Ситуацијата е 'победи или оди си дома'.“ - додаде Пол.Победникот на натпреварот број 5 веќе е голем фаворит за освојување на сериите и поминување во втората рунда. Натпреварот во Стејплс центарот започнува во 04:30 ова утро.
0 comments:
Post a Comment