Ако очекуваквте барем малку пресезонско ривалство во Стејплс центарот во Лос Анџелес, сте се излажале. Главните 2 ѕвездите на ЛА Лејкерс ќе отсуствуваат на натпреварот против Клиперс вечерва.
Брајант има проблеми со неговото стапало, повреда поради која ги пропушти последните 2 тренинга. Да го задржат на клупата е паметен потег, бидејќи нелогично е да се форсира играч од типот на Коби да игра под повреда уште во претсезоната.
Грбот на Хауард е супер моментално, но после неиграњето на НБА натпревар од Април минатата сезона, Хауард беше малку изненаден од промените. Логично е да не се ризикува, па и Хауард ќе му прави друштво на Коби на клупата.
Покрај ЛА Лејкерс - ЛА Клиперс во 04:30 по полноќ, се играат уште 6 натпревари:
01:30 Њу Јорк Никс - Бруклин Нетс
02:00 Орландо Меџик - Мемфис Гризлис
02:00 Хјустон Рокетс - Њу Орлеанс Хорнетс
02:00 Далас Маверикс - Оклахома Сити Тандер
02:00 Детроит Пистонс - Минесота Тимберволвс
02:30 Вашингтон Визардс - Мајами Хит
Стриминзи за следење на овие натпревари ќе пронајдете тука.
0 comments:
Post a Comment