Home » , » Џеф Тиг вели дека ќе биде повеќе од лидер во Атланта

Џеф Тиг вели дека ќе биде повеќе од лидер во Атланта

Written By Dragan on 3.8.12 | 16:34

Веќе неколку години се пеат истите песни во Атланта Хокс. Имаат доволно талентиран тим, но неможат да направат посериозен плеј-оф спринт.

Сега, откако Џо Џонсон ги напушти Хокс, се чини дека диригентската палка во тимот ја превземаат Џеф Тиг и секако Џош Смит.

Веќе неколку годни наназад, тренерскиот состав на Атланта припрема нешто за Тиг. Како да сите сакаат да го направат класичен плејмејкерски лидер на тимот, да го направат дел експлозивно дуо со Џош Смит. 
Такво нешто се спремаше уште пред неколку години, а драстично се забележа на Летната Лига 2 годни наназад. 

Како и да е, тој нема да биде најдобар офанзивец во тимот, нема да постигнува 20-25 поени по натпревар, барем не со Џош Смит и Ал Хорфорд на нивниот ростер, но тој ќе биде генерал на теренот. Чист "old-school" плејмејкер. Тоа е всушност тоа што тренерот Лери Дру го бара од него, но секој пат, Тиг како да се повлечува наназад и чека играта да дојде до него. 

Еве што кажа Тиг за новинарите на официјалната страна на Атланта Хокс :
„Морам да бидам лидер во овој тим. Минатата сезона, гледав и учев од момците како Џо Џонсон и Марвин Вилијамс. Почувствував како да доаѓа моето време во Атланта, моето време да бидам лидер заедно со Џош Смити Ал Хорфорд.“ - изјави Џеф Тиг.

0 comments:

Post a Comment