Home » , » Брендон Раш нема да заигра повеќе оваа сезона

Брендон Раш нема да заигра повеќе оваа сезона

Written By Unknown on 5.11.12 | 13:14

Бекот на Голден Стејт Вориорс Брендон Раш се очекува да ја пропушти целата сезона, откако ги искина лигаментите на коленото во првата четвртина од дуелот на Вориорс против Гризлис во петокот.

“Оваа повреда е навистина застрашувачка, но заедно со медицинскиот тим на Голден Стејт Вориорс ќе направиме се што можеме за да го вратиме на 100 % од неговото здравје.“ - изјави агентот на Раш, Марк Бартелстејн.

Повредата се случи кога Брендон Раш налета на Зек Рендолф, по што незгодно падна и притоа ги искина лигаментите на неговото лево колено.

Со губењето на Раш, Вориорс губат еден навистина квалитетен шутер, дефанзивец и ветеран од клупата. Ќе беше од голема помош за Голден Стејт оваа сезона, но ете што прават повредите.

0 comments:

Post a Comment