Home » , » ‎5-мината најпреценети играчи на Лејкерси на сите времиња

‎5-мината најпреценети играчи на Лејкерси на сите времиња

Written By Anonymous on 10.9.12 | 23:33

Сите знаемe дека Лејкерси се една од најуспешните франшизи во историјата , сепак тоа не значи дека тие немале играчки промашувања и лоши периоди. Има доста играчи кои никогаш нема да бидат запаметени или пак ќе бидат паметени од погрешни причини. Великаните како Меџик Џонсон, Шек, Коби Брајант и ред други. Ќе бидат запаметени по својата слава, својата игра, својот придонес и својата игра, и како такви засекогаш ќе бидат легенти на тимот на Лејкерси. Сите играчи кои играле во Лејкерси биле играчи од кои се очекувало многу, од кои се очекувало да дадат со од себе за да ја оправдаат довербата од тимот, но има многу кои не успеале во тоа. Имало играчи кои биле дебело платени а немале никакво придонес во играта, играчи кои своевремено први пикови на драфтот а сепак ништо не покажале. За да се биде преценет најпрво мора да се очекува нешто. Критериумите според кој еден играч се смета за преценет се сумата која му е платена, вредноста негова, она што се очекува од него и она што го покажува. Пример за тоа е Џаварис Критерион, кој беше прв пик на драфтот во 2007 година а во Лејкерси на покажа ама баш ништо и затоа веднаш беше трампан за По Гасол, а разликата меѓу нив е во класи како што сите знаете. Има и ред други играчи кои потфрлиле во Лејкерси но сепак следниве 5-мина се оние кои според сите параметри се најголеми промашувања на управата на Езеџиите.


5. Елден Кембел 1990-99

 
Елден Кембел беше член на Лејкерси во оние години кога завршуваше една династина а се создаваше нова, во еден период на оформување и градење на иднината на тимот. Беше драфтуван од Лејкерси како прв пик на драфтот во 1990 година со цел да го замени неповторливиот и легендарен Карим Абдул Џабар, но тој не беше ни бледа сенка на Карим. Иако беше најдобар стрелец во тимот неколку години во 90-тите и беше одличен блокер сепак не прерасна во онаква ѕвезда каква што се очекуваше од него. Не само што не успеа да го замени Абдул Џабар туку ни блиску не беше до неговите квалитети и перформанси. Најдобрата индивидулна сезона ја имаше во 1996/1997 кога заедно со штотуку доведениот Шек во тимот постигнуваше во просек по 14.9 поени по натпревар, а Лејкерси завршија први во Пацифик дивизијата но изгубија во полуфиналето од Јута Џез со резултат 4-1. Кембел беше солиден играч но сепак беше преценет со оглед на она што се очекуваше од него. 

4. Владимир Радмановиќ

 
За секоја приказна има две страни. Во овој случај тоа е страната полна со разочарување и фрустрации. Иако е одличен шутер сепак Радмановиќ имаше само епизодна споредна улога во тимот на Лејкерси. Иако помина цели 3 сезони во тимот не покажа зошто беше доведен во тимот, а беше доведен за да биде одлична замена и солиден шутер кој че погодува отворени шутеви од дистанца и ќе добива солидна минутажа од клупата. Во 20-те минути кои ги поминуваше на теренот постигнуваше во просек по 7.1 поен по натпревар, но мора да се признае дека и многу често беше забораван во нападот со оглед на тоа дека секој нападн идеше преку Коби или пак преку Гасол така да и немаше многу употребливи шутеви. Кога во 2009 година беше трампан во Шарлот, Радмановиќ изјави-Одлично е да се биде дел од Лејкерси, но лошо е кога седиш на клупа и никкој не смета на тебе. Иако ситемот на Фил Џексон е одличен, сепак резервите немаат многу шанса да се докажат во истиот. Но за Коби и Гасол системот е извонреден.

3. Самаки Вокер
 
Фактот дека Самаки Вокер беше уапсен во 2011 годинаод полицијата во Аризона за поседување на марихуана и во обид да голтне 10 грама дрога кога му приоѓале полицајците кажува се. Беше драфтуван од Далас во 1996 година како 9-ти пик, а во Лејкерси беше трампан во 2001 година. Во двете години кои ги помина во Лејкерси имаше очајна статистика, 6.7 и 4.4 поени по натпревар во сезона во нешто под 18 минути по натпревар. Самаки беше играч од оние кои славата одеше пред нив, па така да и покрај сите очекувања тој не покажа ама баш ништо. Едноставно немаше талент за кошарка, а повеќе беше познат по испадите во јавноста. 

2. Слава Медведенко
 
Слава Медведенко беше познат по својот солиден шут, и постигнуваше по 8.3 поени по натпревар во 2003/2004 година кога го заменуваше повредениот Мелоун. Иако беше омилен меѓу навивачите сепак повредите го спречија да направи кариера, и беше отпуштен од Лејкерси во 2006 година. Потпиша со Атланта наредната сезона но по само 14 натпревари доби отказ и ја заврши својата НБА авантура.

1.Квами Браун
 
Сигурно препоставувавте дека е тоа Квами Браун на местото број 1. Ако не сите барем онние кои ги следат Лејкерси знаат за Браун и неговата игра во тимот од Холивуд. Се поставува прашањето дали Браун е едноставно лош играч или пак е претерано преценет? Мое мислење е дека е од двете по малку. Иако влезе во НБА директно од средно училиште и беше драфтуван од Вашингтон како пик број 1 на драфтот во 2001 година, сите очекувања и анализи беа дека Браун ги има сите потребни квалитети за да прерасне во вистинска НБА икона. Иако беше ставан во ист кош со Џејмс, очигледно дека разликата меѓу нив двајца е во светлосни години. Во трите сезони кои ги помина во Лејкерси беше не само подпросечен играч туку и очаен, а толку многу се очекуваше од него. Постигнуваше во просек по 8.4 поени по натпревар и 6.5 скокови што е премалу за пик број 1 и за идна ѕвезда. Интересна изјава во врска со Квами Браун даде Брајант во тоа време, кога изјави дека на натпреварот против Детроит, Квами му рекол на Брајант да не му ја подава топката во завршните моменти од натпреварот дури и да бил сосем сам и да имал чист шут затоа што бил многу нервозен. Тоа говори се нели?

Број 1 пик и број 1 промашување во историјата на Лејкерси.

0 comments:

Post a Comment