Home » , » Ален Ајверсон сепак се опрости од НБА лигата

Ален Ајверсон сепак се опрости од НБА лигата

Written By Anonymous on 11.9.12 | 10:42


Иако Ален Ајверсон неодамна изјави дека би сакал да се врати во НБА, неговиот менаџер потврди дека таа можност не е реална.

“Ален веќе се опрости од НБА.Нашата иднина е во Кина.Се надевам дека Кина ќе ни стане новиот дом.Исто така верувам дека сите негови активности ќе бидат поврзани со Кина, како и живеењето таму.“ - вели неговиот ГМ Гери Мур.

Последните години Кинескиот пазар стана интересна средина за НБА играчите.Најголемата трага во кинеската лига ја оствари Стефон Марбури, кој е таму 3 сезони, а освои и титули.

Ален Изејл Ајверсон имаше неверојатна кариера.Пред професионалниот настап доби награда од Асошиетед Прес за најдобар средношколски играч во амерички фудбал и кошарка.Кариерата на универзитетот Џорџ Таун ја заврши како најдобар стрелец во историјата со 22.9 поени.

На драфтот во 1996 година беше прв пик, прогласен за руки на годината, беше МВП на лигата, 11 пати Ол Стар, два пати МВП на Ол Стар натпреварот, три пати во најдобриот тим, три пати најдобар крадец на топки, 4 пати најдобар стрелец на лигата.Се прослави играјќи за Филаделфија, со која во 2001 стигна до големото НБА финале каде Сиксерси беа поразени од Лејкерси со 4-1.Играше и за Детроит, Денвер и Мемфис.Единствен клуб надвор од САД му е Бешикташ.

Како член на репрезентацијата ја освои бронзата во Атина 2004 година.

Во изминатиов период постоеа гласини дека кариерата би можел да ја продолжи во Кувајт, Венецуела, Порторики, Доминкана, или да го промени спортот да игра фудбал.

0 comments:

Post a Comment