Home » , » Крис Пол :“Знаеме како да ги победиме Лејкерси“

Крис Пол :“Знаеме како да ги победиме Лејкерси“

Written By Anonymous on 26.9.12 | 21:41


ЛА Клиперси во новата сезона влегуваат со неколку нови играчи кој ќе бидат големи засилувања, но сепак остануваат во сенка од “големиот брат“, ЛА Лејкерси кој донесоја неколку суперѕвезди.

Лејкерси го појачаа својот “ростер“ со Двајт Хауард и Стив Неш и на хартија изгледаат како едни од најголемита фаворити за освојување на титулата, но ќе мораат да се докажат и на паркетот. Ѕвездата на Клиперси, плејмејкерот Крис Пол, не е премногу загрижен за нив и смета дека Клиперси ќе бидат појак тим во градот.

Вчера Крис Пол со соиграчите од Клиперси гостуваше на настанот во Холивуд, по повод излегувањето на списанието GQ, чија насловна ја краси самиот Пол. Во таа прилика разговараше со бројните новинари и изјави неколку интересни реченици.

“Лејкерси дефинитивно се појачаа, но тоа што е добра работа околу нашиот тим е тоа што кај нас владее големо заедништво и сметаме дека сме доволно добри и можеме да мислиме на себе и на нашата игра“ - започна Пол. “Ние сме како семејство. Кога сите имаат иста цел, напорно работат и се грижат за своите соиграчи, тоа треба да значи нешто. Постојат многу НБА ѕвезди кој не разговараат меѓу себе. Ситуацијата помеѓу мене и Блејк е потполно обратна, ние разговараме, а тоа му помага на нашиот тим да биде подобар.“

Пол сеуште се опоравува од повредата на палецот и уште неколку недели нема да биде спремен за игра. Тоа значи дека ќе ги пропушти предсезонските дуел со Мајами кој ќе се играат во Кина, но за почетокот на сезоната ќе е тука, спремен.

“Никогаш нема да речам дека некој е подобар од мене, во било што.Сеедно е за кого се работи. Морате да запамтите дека Клиперси се подобри од минатата сезона, многу сме блиски пред се. Тоа е нашата најголема сила и поради тоа ќе ги победиме Лејкерси и останатите тимови со кој ќе се сретнеме“ - заврши Пол.

0 comments:

Post a Comment