“Имав вентил во срцето кој мораше да се замени и начинот на кој што требаше да се замени беше да се отвори срцето. Па, операција на отворено срце звучи тешко, но ова не беше итно. Ова беше нешто што мораше да се направи.“ - изјави Расел.
“Го извадоа вентилот и го заменија. Траеше неколку часа за да се заврши. Зборував со докторите потоа и тие рекоа дека се задоволни со процедурата. Тие рекоа дека дека ќе се чуствувам подобро од порано.” - додаде Бил Расел.
Бил Расел не може да игра голф или да оди на долги напорни трчања, двете најомилени нешта. Но, тој е сега на рехабилитација и му оди добро. Му посакуваме најбрзо лекување и да се врати што побрзо на терените за голф. Плус, сакаме да го видиме назад на натпреварите на Селтикс.
0 comments:
Post a Comment