Тоа значи тој ќе работи со Кармело Ентони, Тајсон Чендлер, Маркус Кемби и Стадемаер (повторно). Но ќе ја разива и хемијата меѓу Мело и Амар'е со Чендлер на теренот, што мора да се случи.
Прочитајте што Хаким изјави.
“Двајцата треба да сфатат дека не е потребно да си најдобар индивидуално.” - кажа Олајжуван. “Мело претходната сезона го носеше Њу Јорк на свој грб, замислете ако и Стадемаер се приклучи на тоа колку добри ќе бидат Никс. Ќе ја олесни работата. Мора да работат заедно, не треба да се натпреваруваат меѓу себе.“
“Тие двајца се едни од најдобрите офанзивни играчи во НБА. Мело е добар и на пост и на тројка, а пак Амаре е добар на низок пост и на висок пост, а тоа е убиствена комбинација. Само треба да се научи како да се вклопи. Потребни се двајцата за Њу Јорк да успее.” - додаде Олајжуван.
Тоа звучи одлично на хартија, освен тоа што Ентони сака да ја има топката цело време и да биде лице во лице со одбраната, а Стадемаер е играч за pick-and-roll (како Чендлер).
Ќе видиме. Но тоа што го донесоа Олајжуван во тимот е одличен чекор.
0 comments:
Post a Comment