Home » , » Реџи и Нелсон примени во Куќата на Славните

Реџи и Нелсон примени во Куќата на Славните

Written By Anonymous on 8.9.12 | 16:33


Еден од најдобрите шутери во историјата на НБА лигата Реџи Милер (47) и еден од најдобрите кошаркарски тренери Дон Нелсон (72) примени се во петокот навечер во Куќата на Славните во Спрингфилд.

Милер во текот на својата 17 - годишна кариера ги бранеше боите на Пејсерси и кариерата ја заврши со 25279 поени и 1505 украдени топки.Втор е во погодени тројки на сите времиња (2560), а од нив 320 паѓаат во вода, односно во плејофот, и тоа е рекорд кој и ден денес не е срушен.

Во својот говор Милер им се заблагодари на сите кој му го овозможија овој голем момент, а најмногу зборови упати кон својата сестра Шерил Милер.

“Овде е една дама која веројатно има најголеми заслуги за тоа што сум овде“ - започна Милер.“Шерил тоа си ти.Многу сакаат да живеат во куќата со најголемите, во било што, а јас ја имав таа чест да живеам со сигурно најдобрата кошаркарка на сите времиња.“

Подоцна Милер додаде дека смета дека три најголеми кошаркари на сите времиња се Мајкл Џордан, Меџик Џонсон и Шерил Милер.Усепа да ги насмее присутните, а кажа и за својот најдобар момент во кариерата.Тоа беше во 1995 година во двобојот помеѓу неговите Пејсерси и Никси.Тогаш тој за 9 секунди постигна 8 поени со што Пејсерси победија.

“Признавам го турнав Грег Ентони во таа акција“ - признава Милер.“Беше фаул, но судиите ништо не отсвирија и продолжив да играм.Грег ти се извинувам поради тоа.Никогаш не признав јавно.Но да, Грег те турнав и беше фаул.Морам да признаам Мајкл (Џордан) дека и тебе те турнав во 1998 година.Но видов дека ти им го правиш тоа на многу играчи, па помислив дека тоа е во ред.“

Нелсон бившиот тренер на Милвоки, Никси, Далас и Голден Стејт е и само еден од двајцата кој е именуван за најдобар тренер на годината 3 пати.Сопственик на најмногу победи во кариерата (1335) по што предходно како играч ја освои тутилата 5 пати.

“Се надевам дека ова е последното одело кое ќе го облечам во животот.Постои живот и по кошарката.Ве поканувам сите дома на кафе кај мене во Мау.“ - изјави Нелсон.
Chris Mullin Don Nelson speaks  as presenters Don Nelson, presented by Hall of Fame players Bob Lanier, Chris Mullin, and Satch Sanders laugh during the Basketball Hall of Fame Enshrinement Ceremony at Symphony Hall on September 7, 2012 in Springfield, Massachusetts.

0 comments:

Post a Comment