Низ лигата синоќа се одиграа 11 интересни напревар, но најимпресивна беше победата на Милвоки Бакс над шампионот Мајами Хит на домашен терен.
Втор пат сезонава се случува Мајами Хит да има два порази во низа, а Бакси беа виновниците за да се отвори втората серија на Хит. Одличната тимска игра беше одговор за се, а Бакси беа скоро перфектни со 7 изгубени топки. За разлика од нив, Мајами изгуби дури 20 топки на синоќешниот натпревар, предводени со шесте изгубени топки на Џејмс и трите на Вејд.
Најдобар за домаќините беше Брендон Џенингс со 25 поени, 7 асистенции и 4 украдени топки, додека беше проследен од Монта Елис со 14 поени, 9 асистенции и 5 украдени топки. Лери Сендерс забележа 16 поени, 11 скока и 4 блока. Кај гостите во поразот најдобар беше Џејмс со 26 поени, 6 скока и 7 асистенции, Вејд заврши со 24 поени, а Крис Бош имаше 12 поени и 16 скока.
Втор последователен пораз забележаа и Бостон Селтикс, откако убедливо беа поразени синоќа во Оукленд од Голден Стејт Вориорс. За победата на Вориорс се погрижија Стеф Кари со 22 поени и 9 асистенции, Дејвид Ли со 20 поени и 8 скока, како и Харисон Барнс со 15 поени и 8 скока. Селтикси беа без Ражон Рондо, па нивната игра изгледаше катастрофално. Пол Пирс постигна само 13 поени на реалзиација 4-20 од поле, Кевин Гарнет забележа само 6 поени и 3 скока во 20тина минути, додека светла точка беше Кортни Ли со 18 поени и 5 скока.
Една од ретките гостински победи синоќа ја забележаа Хорнетси во Шарлот, каде што се вратија од дефицит од -21 поен за да ја освојат победата и да им го нанесат на Бобкетс 18тиот последователен пораз. Ерик Гордон се врати во тимот на Хорнетс и во 25 минути од клупата беше максимално ефективен со 24 поени и 7 асистенции во неговото сезонско деби. Покрај Гордон, Рајан Андерсон имаше 19 поени и 8 скока, а Васкез заврши со 16 поени и 8 асистенции.
Oстанатите натпревари:
Атланта Хокс 109 - 100 Индијана Пејсерс
Орландо Меџик 88 - 123 Торонто Репторс
Бруклин Нетс 103 - Кливленд Кавалирс
Чикаго Булс 87 - 77 Вашингтон Визардс
Мемфис Гризлис 81 - 72 Денвер Нагетс
Хјустон Рокетс 94 - 124 Оклахома Сити Тандер
Минесота Тимберволвс 111 - 107 Феникс Санс
Портланд Треил Блејзерс 89 - 85 Филаделфија СевентиСиксерс
0 comments:
Post a Comment