Иако главен впечаток на презентацијата на неговите нови Адидас патики остави искажувањето на емоциите на Дерик Роуз, сепак на истата презентација се зборуваше и за рехабилитацијата на неговото колено.
Еве што беше официјализирано во однос на напредокот на повредата на Дерик Роуз :
“Враќањето оди навистина добро. Се рехабилитирам себеси 5 пати неделно.“ - изјаци Роуз. “Почнав и да шутирам сега. Почнав и да потскокнувам пред неколку дена, но тоа не ми е првенствено.“
“Гледам напредок секоја недела. Некогаш имам грчови во ногата, но поминувам и низ тоа. Моите тренери се исто така од голема помош. Знаат точно во што е проблемот кога ќе им кажам дека има такво нешто.“ - заврши Роуз.
Булс навистина и не го форсираат и не го очекуваат со нетрпение. Спремни се на се, а сите знаат дека Роуз нема да се врати барем до Ол-Стар паузата. На крајот на краевите, 2013/2014 ќе биде сезоната во која ќе го видиме Роуз кој сите го паметиме.
0 comments:
Post a Comment