Home » , » Алонзо Џи потпиша со Кливленд Кавалирс

Алонзо Џи потпиша со Кливленд Кавалирс

Written By Anonymous on 10.9.12 | 23:26


Кливленд потпишаа со крилото Алонзо Џи, изјави генералниот менаџер на Кливленд.

Џи, 25, во сезоната 2011-12 имаше рекордни 10.6 поени, 5.1 скокови, 1.8 асистенции и 1.3 скокови и шутираше 78 проценти од линијата за слободни во 63 натпревари. Во неговите 31 утакмица како стартер тој имаше просечно по 11.5 поени и 6.2 скокови во 31.7 минути.

"Од стартот на трансфер периодот, ние расчистивме дека треба да го потпишеме повторно Алонзо Џи бидеќи е потребен за тимот и тој е многу добра личност" рече Грант. "Алонзо работеше многу напортно и ги искористи сите шанси што му беа дадени на максимален начин и нас ни е многу драго што тој прерасна во ваков тип на играч. Ние се радуваме што тој ќе биде дел и од овогодинешниот тим на Кливлент и таа млада екипа ќе продолжи да се развива."

Џи беше избран за најдобар играч во Д-Лигата во 2010 година и Руки на годината во Д-Лигата кој просечно даваше по 21.0 поени, 6.6 скокови и 1.3 асистенции во 38.2 минути.

0 comments:

Post a Comment