Home » , » Реџи Милер

Реџи Милер

Written By Anonymous on 10.9.12 | 23:24

Реџи Милер е вториот најдобар тројкаш на сите времиња, а и најдобриот клач шутер во историјата на кошарката. Неговата незастанлива игра во завршните моменти стана позната и како “Miller time”.

Лери Брд: “Кога мислам на Реџи Милер, мислам на човек кој беше потполен професионалец.“

Реџи Милер е роден на 24 август во 1965 година во Риверсајд во сојузната држава Калифорнија. Ништо не упатуваше дека Реџи ќе стане кошаркар. Имено неговите родители Кери и Сол Милер се прашуваа дали Милер ќе може нормално да оди, а камоли да се бави со спортот. Реџи е роден со пореметен колк поради кој не можеше добро да оди. До петтата година носеше протези на ногата и ортопедски чевли.

“Мојата мајка плачеше кога ме роди.Лекарите и рекоја дека никогаш нема да можам да одам и да се занимавам со спорт“ - вели Реџи.

Но како што растеше неговите колкови и нозете почнаа да се исправуваат.

“Мајка ми секогаш викаше дека се е во ред и дека морам да ги ојачам нозете.Ме уверуваа дека ке можам да одам и трчам како и моите браќа и јас им верував.“ - вели Реџи.

Реџи беше 4то дете од вкупно петте деца (три браќа и две сестри). Најстариот брат на Реџи беше Сол ЈР и свиреше саксофон, братот Дарел беше професионален играч на бејзбол,  сестрата Тами играше одбојка на факултетот Кал Стејт - Фулертон, а за сестрата Шерил, која играше на светилиштето Јужна Калифорнија се вели дека е најдобрата кошаркарка на сите времиња. Беше член на американската репрезентарција која во 1984 во ЛА на ОИ освои златна медалја. Со УСЦ освои 2 НЦАА титули .Штета што женската НБА лига не постоеше во нејзино време. По создавањето на женската лига беше и тренер на Феникс Мерсиј, а денес е кошаркарска аналитичарка во ТНТ.

Реџи беше сјајен играч на бејзбол, тоа беше неговата прва љубов, но кошарката сепак го престигна бејзболот. Често играше кошарка и со година и пол постарата Шерил, која никогаш не му попушташе на теренот и често го победуваше во играта еден на еден.
Реџи отиде на факултетот УЦЛА.Во салата на УЦЛА, знаеа дека доаѓаа Меџик Џонсон, Бајрон Скот, Мајкл Купер и уште некои играчи на Лејкерс кој тренираа таму.Реџи тогаш беше да игра со нив, а советите кој ги слушаше од нив сигурно вредеја злато. Во 1985 година, во втората година од факултетот, со УЦЛА го освои НИТ турнирот. Освен тоа Милер на факултетот не забележа некој поголем успех. Единствен настап на НЦАА турнирот го имаше во 1987 година на 4тата година од факултетот, кога во првата рунда ги победува Централ Мичиген и постигнува 32 поени, за после тоа во втората рунда да постигне 24 поени во поразот од Вајоминг. Реџи за 4 години на факултетот постигна 2095 поени, само Карем Абдул-Џабар има повеќе од него. Во 4тата година на факултетот воведена е тројката. Во 32 натпревари таа сезона погодува 69 тројки од 157 обиди.

НАВИВАЧИТЕ НА ПЕЈСЕРСИ НЕ ГО САКАА
Пејсерси Милер на драфтот го избраа како 11 пик во 1987 година, но неговото драфтување навивачите на Пејсерси не го сакаа поради тоа што сакаа да се избере локалниот јунак Стив Алфорд, ѕвездата на факултетот Индијана. Но дваесетина години подоцна воопшто нема сомнеж, Пејсери не можат да се жалат со драфтувањето на Реџи, а навивачите на тимот брзо го засакаа. Во руки сезоната даваше 10 поени, влегуваше од клупа, а на крајот на сезоната избран е во најдобриот тим на руките. Погоди 61 тројка, што во тоа време беше рекорд за еден руки.

Уште во втората сезона Милер покажува дека е одличен играч, од 74 натпревари стартуваше на 70 со просек од 16 поени. Во третата сезона е стартер на сите 82 натпревар, а е избран и за Ол Стар натпревар, прв пат од вкупно пет пати. На крајот на сезоната има просек од 24,6 поени. Тоа му е највисок просек на поени во една НБА сезона. Таа сезона ја почнува со низата од 12 сезони по ред во кој просечно дава 18 или повеќе поени по натпревар, а такво нешто им успева на Карл Малоун, Џери Вест, Карем Абдул Џабар, Џон Хавличек, Елвин Хејс, Мозес Мелоун, Чарлс Баркли. Со 25279 поени во кариерата Милер е на 14 место на листата на најдобри поентери. Од бековите повеќе поени од него имаат само Мајкл Џордан, Коби Брајант и Оскар Робертсон.

Иако беше многу слаб кога дојде во лигата, никогаш не наби килажа. Милер е на висина од 2.01 метри во НБА лигата и беше на килажа од 86 кила, а кога ќе се погледнат фотографиите од факултетот одвај имаше 80 кила. Со доаѓањето во НБА Реџи малку ојача, но сеуште беше слаб. Сепак, тоа не му сметаше да игра сјајно.

Реџи во 18 - годишната кариера погоди 2560 тројки, најмногу во историјата на НБА лигата после Реј Ален, кој го помина во една од изминатите сезони. Втор е по фрлени тројки. Освен тоа што е одличен тројкаш Реџи беше и одличен изведувач на слободни фрлања. Во кариерата има просек од 88.8 посто (втор во историјата). Беше водечки стрелец на слободни пет пати.

Во плејофот е прв во погодени тројки 320 (Ален има 313), а втор е по вкупниот број на фрлени тројки, единствено Брајант има 882 фрлени тројки.




НЕЗАБОРАВНИТЕ НАТПРЕВАРИ ОД ПЛЕЈОФОТ

Во 18те сезони Милер стана синоним за тројка и за убиственоста за завршување на натпревари. Одигра многу одлични плејоф натпревари, а посебно ќе се памти завршетокот против Никси. Треба да се каже дека Реџи во плејофот има просек од 20.6 поени, а во регуларниот дел 18.2.

1994 година, финале на Истокот против Никси, натпревар број 5 во Њу Јорк - Реџи дава 25 поени во 4тата четвртина, а во таа 4тина погодува и 5 тројки.Натпреварот го завршува со 39 поени.


1995 година, полуфинале на Истокот против Никси, натпревар број 1 во Њу Јорк - Посгигнува 8 поени по ред за само 8,9 секунди. Се чинеше дека Пејсерси се поразени, губеја 6 разлика 16 секунди пред крај на натпреварот, но тогаш Реџи погодува 3ка. По тоа ја краде топката додека Никси се изваѓаа и наместо да оди на влез оди на тројка  и погодува. По тоа е фаулиран и погодува 2 слободни фрлања, а Пејсерси победуваат со 107 : 105.


1996 година, прва рунда против Хокси, натпревар број 5 во Индијана - се враќа на терените по повредата од која паузираше 8 натпревари. Постигнува 29 поени вклучувајќи 16 во 4тата четвртина. За жал неговите поени не беа доволни бидејќи Атланта победи.


1998 година, полуфинале на Истокот против Никси, натпревар број 4 во Њу Јорк - На 5,9 секунди пред крај на натпреварот погодува тројка за продолежнија. Пејсерси го добија тој натпревар, а Реџи заврши со 38 поени.


1998 година, финале на истокот против Булси, натпревар број 4 во Индијана - На 0.7 секунди до крај дава тројка за победа и Пејсерси ја изедначуваат серијата на 2-2.


2000 година, финале на Истокот против Никси, натпревар број 6 во Њу Јорк - Дава 34 поени, вклучувајќи 17 во 4тата четвртина и ја носи Индијана за прв пат во нејзината историја во НБА финале. Тоа беше последното поглавје на неговите величенствени партии во Медисон Сквер Граден.


2001 година, прва рунда против Филадлефија Севенти Сиксерси, прв натпревар во Филаделфија - Погодува победнички шут на 3 секунди пред крајот. Последните три натпревари во серијата Милер просечно даваше по 36 поени, но тоа не беше доволно да се помине следниот круг.


2002 година, прва рунда против Њу Џерси Нетс, натпревар број 5 во Њу Џерси - Во одлучувачкиот 5ти  натпревар против Нетси постигнува 31 поен. Со звукат на сирената постигнува поен за продолженија, а во првото продолжение заби и го однесе мечот во второ. Но, Нетси победуваат и ги исфрлаат Пејсерси од плејофот.

Навистина е штета што Реџи не освои прстен во кариерата. Играше едно НБА финале, но во 2000 година Пејсерси во 6 натпревари губат од прејаките ЛА Лејкерси. Во финалето просечно дава 24,3 поени, а финале на истокот со Пејсерси играше 6 пати (1994., 1995., 1998., 1999., 2000., 2004).

Реџи Милер беше еден од најдобрите бекови на својата генерација и играч кој секој тренер би сакал да го има во завршните моменти. И додека многу НБА тимови беа прваци во неважни натпревари кој во такви натпревари не се осмелуваа да шутираат на кош, Реџи Милер најмногу играше и живееше за тоа. Иако никогаш не освои титула, беше голем играч.

Она што го издава добрите играчи е сјајната способност да се избави од притисокот. Реџи уживаше да игра во завршетоците од натпреварите, во завршниците на неизвесните натпревари, тоа беше негово време. Во емисијата Инсајт д НБА Чарлс Барки рече дека Реџи Милер е најдобриот шутер кој некогаш играл. Реџи му одговори :“Секогаш велев дека Дражен има подобар шут од мене“.

ПОВЛЕКУВАЊЕТО НА ДРЕСОТ И ВЛЕГУВАЊЕ ВО КУЌАТА НА СЛАВНИТЕ
На 30 март 2006 година на полувремето на натпреварот со Санси, Пејсерси го повлекуваат неговиот дрес со број 31 поен. Со тоа стана четвртит играч во историјата на Пејсерси на кој му повлекуваат дрес. Во 2012 година конечно влегува во Куќата на Славните, меѓу најдобрите кошаркари на сите времиња.

РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА И ЊУ ЈОРК НИКСИ
На светското првенство во Торонто 1994 година Реџи беше еден од трите капитени. Американците предоводени од Дон Нелсон го освојуваат златото, Реџи просечно постигнува 17.1 поенм и е втор најдобар стрелец на тимот.

На ОИ во 1996 година во Атланта Реџи под водство на тренерот Лени Вилкс го освојува златниот медал. Во 8 натпревари постигнуваше 11,4 поени, тројки : 17 : 41.

Единствен дебакал за Американската Репрезентација му се случи во 2002 година на СП во Индијанаполис. Реџи беше најстар во тимот, а под водство на тренерот Џорџ Карл Американците го освоја 6тото срамотно место.

Реџи уживаше да игра за репрезентацијата, а во НБА посебно уживаше да игра против Никси, а посебно беа интересни незаборавите вербални дуели на Реџи и најпознатиот навивач на Никси Спајк Ли.

Во една епизода од Сеинфилд, една од најпопуларниот хумористични серии на сите времиња, Кармер вели дека е исфрлен од натпреварот поради тоа што фрли хот дог на Реџи Милер.

ЛИЧЕН КАРТОН :
ИМЕ : РЕЏИНАЛД ВЕЈН
ПРЕЗИМЕ : МИЛЕР
РОДЕН : 24 АВГУСТ 1965 (РИВЕРСАЈД, КАЛИФОРНИЈА)
ПОЗИЦИЈА : БЕК
ВИСИНА/ТЕЖИНА : 201 ЦМ/86 КИЛОГРАМИ
СРЕДНА ШКОЛА : РИВЕРСАЈД ПОЛИТЕХНИК
ФАКУЛТЕТ :УЦЛА
ДРАФТ : 11 ПИК ПРВА РУНДА ИЗБРАН ОД ИНДИЈАНА ВО 1987 ГОДИНА

НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА :
НБА ТРЕТ ТИМ : 3 (1995., 1996., 1998.)
НБА ОЛ СТАР : 5 (1990., 1995., 1996., 1998., 2000.)
НБА ХАЛ ОФ ФЕЈМ : 2012.

0 comments:

Post a Comment