Тимот на Лејкерси годинава претрпе драстични промени во однос на минатата сезона и тоа промени кои ги прават најголеми фаворити за титулата во сезоната која следува. Ги доведоа Стив Неш и Двајт Хауард со што добија извонредна прва петорка, а доведувањето на Ентоан Џејмисон и Џоди Микс треба да ја подобри очајната клупа. Кога вака ќе се погледне ростерот на Лејкерси, мора да се признае дека е извонреден и исклучително добро избалансиран. Ги имаат најдобриот центар и шутер во лигата во Хауард и Коби, еден од најдобрите PF во Гасол, извонреден дефанзивец во МВП и еден од најдобрите организатори на играта во последната деката во НБА. Хауард и Неш се очајни за титула, Коби пак е очаен за својата 6-та титула, мотивот е неизбежен кај сите.
Но за да се освои таа титула секој играч треба да даде свој придонес и одлично да ја изврши својата задача, како оние од првата петорка така и оние од клупата. Затоа ќе извршиме мала анализа на импактот кој секој играч ќе го има во сезоната и нивната важност во походот кон Лери О’Браен трофејот.
13.Роберт Скер, Дариус Морис, Дариус Џонсон Одом
Никој од овие тројца играчи не импресионираше ниту пак покажаа дел од своите квалитети за време на летната лига. Фактот што Лејкерси изгубија еден натпревар со 40 а друг со 50 поени разлика говори сам по себе за талентите и квалитетите на овие тројца кошаркари. Со оглед на тоа со каков ростер располагаат Лејкерси оваа сезона очигледно е дека никој од овие тројца нема да има некоја минутажа, изненадување би било и доколку воопшто добијат шанса да настапат на некој натпревар.
12.Еарл Кларк
Кларк беше драфтуван како 16-пик на драфтот во 2009 година од страна на Феникс Санс. Што поради малата минутажа, што поради недостигот од самодоверба и недобивањето на вистинска шанса се причините поради кои беше трампан во Орландо па сега и во Лејкерси. Беше драфтуван пред Тај Лосон, Тај Гибсон, Џру Холидеј и Чејс Бадингер а сепак има најлоша НБА кариера од сите овие, што го прави едно големо играчко промашување. Никаде не добиваше солидна минутажа па така ќе биде и во Лејкерси затоа што пред него се МВП, Ентоан Џејмисон па дури и Девин Ибенкс. Во регуларната сезона може да добива минутажа одвреме навреме но во плеј-офот шансите за настап се помали од минимални.
11.Ендру Гадлок
Иако сите мислеа дека Гуделок ќе биде прва резерва на Коби, сепак со доаѓањето на Џоди Микс тоа се смени. Но тоа не значи дека Лејкерси губат на квалитет туку токму спротивното, затоа што Џоди Микс и поквалитетен играч од Гуделок. Минатата сезона имаше 39.1% реализација од поле, а имаше и 20 асистенции наспроти 21 загубена топка. Неговата улога ќе биде слична како онаа што ја имаше минатата сезона, ќе биде замена за некој повреден играч или пак ќе добива по некоа минута на одредени натпревари.
10.Девин Ибенкс
Учинокот кој го имаше Ибанкс минатата сезона беше доста солиден а за тоа говори и фактот што на 12 натпревари настапи како стартер. Оваа година се очекува тој да биде замена за МВП, но можно е да има мала минутажа ако Мајк Браун се одлучи да го користи и Џејмисон како замена за МВП. Се на се, неговата игра и улога во тимот не треба да биде од некое особено значење.
9.Стив Блејк/Крис Духон
Се уште не е јасно кој ќе биде прва замена на Стив Неш со оглед на тоа дека и Блејк и Духон се ветерани, но солидниот шут за 3-поени (38.9%) би требало да го стави Блејк во преден план. Духон беше доведен преку трампата со Орландо во која Лејкерси го добиа Хауард, и иако е ветеран (добива минимална плата) има само 29 години и својата ајдобра сезона ја имаше во тимот на Њујорк Никс во 2008/2008 година кога во брзата напаѓачка игра на тренерот Мајк Д’Антони постигнуваше во просек по 11.1 поен по натпревар а бележеше и солидни 7.2 асистенции. Без разлика кој ќе биде примарна замена за Неш и кој ќе добица поголема минутажа, неговата улога ќе биде да од сиклучително значење затоа што значи дека ако добра играат Неш ќе добива повеќе време за одмор и ќе биде посвеж на теренот. Неш, двократен освојувач на МВП, минатата сезона настапуваше во просек по 31,6 минути на натпревар, што значи дека и Блејк и Духом ќе имаат можност да импресионираат и да бидат достојна замена за Неш а и ќе превземат делот од товарот во организацијата на играта во нападот.
8.Џордан Хил
Џордан Хил оваа сезона би можел да ја почне дури и како член на првата петорка на Лејкерси бидејќи се очекува Хауард да ги пропушти воведните неколку натпревари до сезоната. Од таборот на Лејкерси изјавија дека нема да брзаат со враќањето на Хауард на теренот и дека ќе чекаат додека е комплетно здрав, што значи дека Џордан Хил ќе има вистинска прилика да се докаже и да импресионира, од што и ќе зависи неговата улога во понатамошниот дел од сезоната. Враќањето на Хауард секако дека ќе претставува намалување на минутажа на Хил, но доколку Хил игра онака како што играше минатата сезона и е ефикасен под кошовите и ги собира отпадоците тогаш повеќе од сигурно е дека ќе биде од големо значење за освојувањето на титулата.
7.Џоди Микс
Да се биде замена на најдобриот бек шутер во цел свет во последната декада а сигурно и еден од 5-те најдобри на таа позиција во историјата на кошарката секако дека не е лесна задача. Улогата на Џоди Микс ќе биде од исклучително значење за свежината и убиственоста на Брајант. Секако дека Џоди Микс не е ни бледа сенка од Коби Брајант но доколку солидно и паметно ги користи минутите кои ќе ги добива може да си обезбеди иднина во тимот како и да ги придобие навивачите. Шенон Браун прилично добро ја извршуваше таа задача и постигнуваше во просек по 8 поени по натпревар и доколку Микс успее да го надмине тој просек а воедно и да го задрќи својот солиден процент од 41% реализација од поле тогаш несомнено ќе добива поголема минутажа а и Брајант ќе добива повеќе одмор и ќе биде посвеж на теренот.
6.Ентоан Џејмисон
Минатата сезона, клупата на Лејкерси беше нивната најслаба страна и многу ндобиени натпревари беа загубени кога резервите беа на паркетот.Најдобри стрелци од клупата минатата сезона беа Мет Барнс (7.8 поени по натпревар) и Стив Блејк со 5.2 поени. Иако ни Ентоан Џејмисон не може да се пофали со солиден шут од поле (40% реализација во целата кариера) сепак минатата сезона постигнуваше во просек 17.2 поени по натпревар за тимот на Кливленд. Дека ќе има ист ваков скор и оваа година е далеку од возможно но доколку постигнува негде околу 10 поени по натпревар заедно со во просек нешто над 6 скокови тогаш солдино ќе ја врши својата задача. А таа задача ќе биде како 6-ти играч, што со оглед на тоа дека веќе еднаш бил прогласен како најдобар 6-ти играл во лигата, не треба да има проблеми да ја изврши.
5.Мета Ворлд Пис
Играта која ја прикажува МВП е се само не постојана и конзистентна. Некогаш е солиден во одбраната како во своите најдобри години, некогаш пак е исклучително важен и ефикасен во нападот и може да погоди клучни шутеви, ништо чудно некогаш и да направи некој груб фаул, да испровоцира тепачка и да добие техничка и намерна лична грешка или пак целосно да биде исклучен од натпреварот. Поентата е дека МВП игра како што сака. Доколку биде целосно сконцентриран и фокусиран тогаш често пружа солидни партии како во одбраната така и во нападот, а тоа е токму она што му треба на тимот за да освои уште една титула. Времето ќе покаже како ќе игра оваа година и каков ќе биде неговиот придонес, затоа што кога се работи за МВП тогаш ништо не е сигурно.
4.Стив Неш
Двете МВП титули сами по себе говорат за Неш и неговиот стил на игра и влијанието кое ќе го има врз играта на Езерџиите во сезоната што следи.
А кога ќе се земе предвид дека Лејкерси а и Коби освоија 5 прстени со организатори на играта како Дерек Фишер, Рон Харпер и Линдзи Хантер тогаш многу е јасно дека со играч од калибарот на Неш, Коби не треба да има проблем да освие уште некој прстен.Неш е исклучително креативен и паметен играч кој има преглед на целиот терен, а во тимот за соиграчи ќе има играчи од калибарот на Брајант, Галос и Хауард кои несомнено се најдобрите на своите позиции во целата НБА лига (со исклучок на Гасол) тогаш нема да има никаков проблем во организација на нападот затоа што ќе има повеќе опции. Проблемот е во тоа дали Неш ќе може да соработува со Брајант, затоа што и двајцата се научени да ја водат играта и да ја држат топката во свои раце, па прашање е како нивната соработка ќе се одвива и како ќе влијае врз тимот. Неш ги прави сите околу него подобри во секој аспект. Во одбрана никогаш не бил солиден и ќе има проблем во справувањето со Вестбрук ,Чалмерс, Рондо и Крис Пол но и тие ќе имаат со него така да ништо не е изгубено.
3.Пау Гасол
Кога Гасол е во форма тогаш Лејкерси се непобедливи. Гасол е ол-раунд играч е добар и во офанзива и во дефанзива, добар скокач, солиден блокер а извинреден шутер како под кош така и од дистанца, а од минатата година шутира и тројки и тоа успешно. Кога е слаб во нападот тогаш и Лејкерси се анемични во нападот, а тоа го потврди и Брајант минатата сезона кога јавно го критикуваше Гасол за неагресивност под кошот. Круцијален дел од двете титули на Лејкерси, но сепак беше бледа сенка на стариот Гасол минатата сезона (иако бројките му беа сосем солидни, какви што многу играчи во НБА сонуваат да имаат), што поради трејд шпекулации што поради тоа што Бајнам беше пред него како опција во нападот па така Гасол не ја пронајде старата форма со која Лејкерси освоија две НБА титули. Имањето на Неш како соиграч треба да му помогне да ја поврати таа стара форма и да го направи уште подобар затоа што ќе има доста повеќе чисти шутеви и ќе користи од пик-ен-рол играта на Неш со него и од удвојувањата на Брајант и Хауард.
2.Двајт Хауард
Трикратен освојувач на наградата најдобар дефанзивен играч во лигата од Хауард се очекува да биде лидерот на тимот во одбрана. Неговата одбра ќе биде од големо значење за целиот тим а особено за Стив Неш затоа што доколку Хауард игра одбрана како што он знае тогаш сите одбрандбени недостатоци кои ги има Неш ќе бидат анулирани. А како ќе игра Хауард тоа зависи од неговиот напредок после операцијата во Април. Секако дека не треба да се занемари ефектот на Хауард и во нападот, затоа што и сите други играчи треба да биде најдобар до сега во своајата кариера затоа што како соиграч ќе има еден визионер на теренот од рангот на Стив Неш, така што нема да има недостаток од топки и асистенции.
1.Коби Брајант
Што да се каже за Коби Брајант. Можеби има 34 години и ги има поминато своите најдобри години, можеби е заморен од ОИ во Лондон, можебо го имаше најлошиот просек на реализација од поле во својата кариера минатата година, но сепак ништо од ова не го фактот дека е најдобриот бек шутер на денешницата, иден член на Куќата на Славните, а според многумина и еден од најдобрите 5 кошаркари на сите времиња. Како и досега така и оваа година тој ќе биде предводник на тимот во нападот, но ќе има помош каква што немал досега. Ако освои 5 титули со солидни играчи тогаш со овие спектакуларни и извонредни играчи може да се надева сигурно на најмалу уште една. За очекување е да биде уште подобар оваа сезона затоа што покрај себе ќе го има Стив Неш кој ќе ја превземе одговорноста да го организира нападот, а исто и Хауард кој ќе ги превзема шутеви кога е потребно. Прашањата кои се поставуваат се како Брајант ќе соработува со Неш, каква ќе биде хемијата со другите играчи од ростерот и дали се уште може да игра на високо ниво според негови стандарди. Доколку е така, тогаш несомнено е дека ќе ги предводи Лејкерси до нова титула, негова 6-та, со што ќе се израмни со неговиот репер и најдобар кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан.
0 comments:
Post a Comment