Тој е еден од момците кој мисли дека заслужува повеќе, но најверојатно ќе му биде понуден само ветеранскиот минимум. Но сепак бразилскиот плејмејкер за UOL Esporte изјавил дека неколку тимови се во контакт со него.
“Покрај некои други тимови, преговарам со Бруклин Нетс, Феникс Санс и Лос Анџелес Лејкерс. Стив Неш дури ми прати СМС дека имал желба да му бидам соиграч.“
Стив Неш со право го посакува како негова замена на клупата бидејќи е подобар плејмејкер од Стив Блејк, но Лејкерс има веќе 99 милиони долари за исплаќање, па едино што очекуваме од нив во моментов да понудат е минимални договори. А можеби и тоа нема да се случи.
Барбоса подоцна изјавил дека би играл и за минимален договор доколку се најде во тим кој ќе биде конкурентен. Доколку не фати приклучок за некој НБА тим тогаш сезонава ќе ја помине играјќи во Бразил.
Можете да се обложите дека некој НБА тим ќе го собере неговиот потпис пред почетокот на сезоната. Но не по цената која ја посакуваат тој и неговиот менаџер/агент.
0 comments:
Post a Comment