Home » , » Никси со нов изглед

Никси со нов изглед

Written By Anonymous on 9.9.12 | 23:23


Во време кога се обидуваат што покреативни Никси се одлучија да бидат едноставни, а за тим со историја како нивната тоа е правилен потег, затоа што нивниот дрес стана икона со текот на годините. Земајќи ги предвид моменталните реакции поврзани со измената како и нивната корелација со традицијата, ќе го оцениме новиот дрес.

Креативност- 5/10

Било кој тим, кога и да најави промена на своите дресови се очекува нешто спектакуларна, па така беше и со Никси. Сепак во тој поглед Никси потфрлија. Не направија никакви драстични измени туку ситни промени кои и многу тешко се забележуваат освен ако не го познавате дизајнот на минатиот дрес доста добро. Сепак во зависност од вкусовите, на некои може и да им се допадне.

Дизајн-9/10

После подетална анализа на дресот ќе забележите дека иако промените не се драстични сепак се забележителни и добро избалансирани и го прават дресот прилично добро дизајниран. Најголеми промени се обоената трака која му дава нијанса на дресот како и логото на грбот. Мора да се каже дека дресот е спој на модерното и традиционалното.

Крајна оцена-8/10

Фановите кои очекуваа драстични промени секако дека се многу разочарани, но мора да се признае дека доколку Никси се решеа за комплетно нов дизајн и изглед тоа ќе значеше нарушување на традицијата која и тоа како значи во градот од Големото Јаболко. Земено се во обзир, дресот е доста добар.

0 comments:

Post a Comment