Но сега е официјално, Двајт Хауард нема да биде во составот на Лејкерс за првиот пријателски натпревар против Голден Стејт, што се игра на 7 Октомври. ЛА Лејкерс ова официјално го потврдија во четвртокот.
Хауард само што ги започна подготовките со физичкиот тренер на Лејкерс Гери Вит и за сега нема дата кога Двајт ќе се врати на терените. Лејкерс објавија дека нема да брзаат со неговото враќање. Сакаат 100 проценти да бидат сигурни за неговото враќање, што е паметен потег на Лејкерс затоа што не се работи толку за натпреварите што се играат Ноември, туку оние натпревари поважните во Јуни. Потребен ќе им биде на Лејкерс во тоа време ако сакаат да ја освојат титулата оваа сезона во НБА.
Хауард имаше операција на грбот, поради тоа и порано отколку што треба ја заврши сезоната во Орландо Меџик.
0 comments:
Post a Comment