Home » , » Мајкл Џордан : Што ако неговото височество играше денес како во врвот на кариерата ?

Мајкл Џордан : Што ако неговото височество играше денес како во врвот на кариерата ?

Written By Anonymous on 9.9.12 | 19:01


Мајкл Џордан беше навистина несопирлив во неговата игра, доминантен во секој чекор, распарчувајќи ги одбрамбените тактики на противниците секоја НБА вечер. 

Често со својот експлозивен прв чекор ке ги поминеше одбранбените играчи како на шала и ке се задржеше во воздух со неговиот познат скок-шут кој оставаше милиони без здив.

Но прашањето кое сите си го поставуваме е дали стариот Jordan би го правел ова истото во ерата на атлетската кошарка, каде што се доминантни играчи како ЛеБрон Џејмс, Коби Брајант, Кевин Дурант и многу останати.
Во неговата втора НБА сезона, Џордан веќе поставуваше рекорди. Во 1985/86 година постави рекорд на плејоф натпревар од 63 поени кој сеуште никој не успеал да го сруши. Веќе наредната сезона постигнуваше вчудоневидувачки 37,1 поен по натпревар, исто така просек кој до ден денес не е надминат

Разликата во кошарката од тој период и денес е тоа што правилата беа погруби, контактот со раце во одбрана беше далеку потолериран од сегашната кошарка, и исто така дефанзивните играчи не беа ограничени со 3 секунди во рекетот. Покрај овие факти популарната 23ка постигнуваше невиден просек на кошеви од натпревар до натпревар.

Лери Брд, еден од најдобрите шутери на сите времиња изјавил дека доколку Мајкл Џордан играл кошарка денес како во врвот на неговата кариера, тој без проблем би имал просек од 50 поени по натпревар што би покажало дека MJ сепак би ја имал истата доминација врз противниците.


Сепак, реално дали би се носел со играчи како ЛеБрон Џејмс и Коби Брајант e дилемата на која многу луѓе би сакале одговор.

Многу кошаркарски стручњаци биле обземени од оваа дилема, елаборирајќи повеќе факти за тоа дека Џордан би бил најдоминантниот играч и во денешната кошарка.

Дали Џордан би можел да постигне 81 поен е прашањето на многу фанови на Кобе. Air Highness како што би го нарекле многу љубители на кошарката, има постигнато 63 поени во еден плејоф натпревар. За разлика од тие 81 поени на Kobe, каде што целиот ростер на LA Lakers играше за тие поени на Кобе, MJ играше заедно со екипата вклучувајќи ги сите играчи во победата со асистенции и скокови.

Кога Џордан би играл еден на еден со Коби или ЛеБрон, едно е сигурно, сите би постигнале многу кошеви на другиот, со препознатливите Fade Away Jumper шутеви кои ги карактеризираат сите тројца, но сепак Jordan би бил победник поради неговата природна брзина надополнета со превисокиот одраз.

Cите овие играчи се вонсериски и би било прекрасно да се видат сите ѕвезди на еден паркет во врвот на нивните кариери, но сепак еден е Мајкл Џордан.


0 comments:

Post a Comment