Home » , » Шек :“Не одам во Мексико, а за Хауард не ми е гајле“ !

Шек :“Не одам во Мексико, а за Хауард не ми е гајле“ !

Written By Anonymous on 10.9.12 | 20:43


Пензионираната легенда и американскиот кошаркар, 40 - годишниот Шекил О’Нил ги демантираше гласините дека во октомври ќе одигра неколку натпревари во мексиканската лига.

Претседателот на тој клуб во изјава за ЕСПН најави дека таа можност е прилично извесна.О’Нил пак, вели дека нема да оди во Мексико.

“Тоа воопшто не е вистина.Жално е такви стручњаци да ги гледаат руморите на интернет.Тоа е многу чудно бидејќи многу луѓе од ЕСПН ме знаат.Можеа едноставно да ми се јават и да ме прашаат дали е тоа вистина.Никој не го стори тоа.“

На прашањето за Двајт Хауард, големиот центар како што некогаш беше О’Нил исто така замина од Орландо во Лејкерс, одговара :

“На тоа немам реакција.Да имавте реакција би се десило сешто.Секогаш велам дека некој ако сака да влезе во моите патики, ќе мора да го наполни тоа место.Хауард ќе мора да освои барем 3 титули за да добие почит во лигата.“

0 comments:

Post a Comment