Home » , » Дирк Новицки сепак претрпи операција, ќе отсуствува 6 недели

Дирк Новицки сепак претрпи операција, ќе отсуствува 6 недели

Written By Unknown on 20.10.12 | 11:33

Дирк Новицки и покрај се претрпи операција на неговото десно колено во петокот и ќе биде оневожможен да игра 6 недели. Според овој датум на враќање, Дирк треба да биде назад на терените некаде во Декември, што ќе го чини пропуст на околу 16 натпревари. 

Ова е всушност паметен потег од страна на Дирк и неговите доктори. Минатата сезона Новицки го имаше истиот проблем, но ја смени рутината на тренинг и го надмина тој проблем. Оваа сезона тоа не работи. Не вреди повторно да се ризикува и Новицки да игра со повредено колено, па решението тој да ја поправи повредата е сосема разумно.

Неиграњето на Новицки во првиот месец од сезоната ќе значи повеќе офанзива од О.Џ. Мејо и Дерен Колисон. Овие двајца играчи мора да го подигнат своето ниво на игра и да покажат што знаат, барем сега кога имаат шанса.

Предизвикот за Маверикс е да не паднат многу далеку од борбата за последните плејоф места, бидејќи доколку одиграат катастрофално додека Новицки го нема на терените, тешко ќе биде да се вратат во борба за плејофот и во тешката западна конференција.

0 comments:

Post a Comment