Филаделфија СевентиСиксерс синоќа стигнаа до четвртата победа во претсезонските натпревари, откако им го нанесоја вториот пораз на Бруклин Нетс на гостински терен.
Тадеус Јанг повторно одигра супериорна партија за Сиксерс и неговите 24 поени и 9 скока беа повеќе од доволни за Фили да забележи победа од 106-96. Покрај Јанг, Дурел Рајт одигра 38 минути и забележа 18 поени и 11 скока, а уште 5 различни играчи на Филаделфија имаа по барем 10 поени. Меѓу останатите најефикасен беше Џру Холидеј, постигнувајќи 11 поени, 12 асистенции и 6 скока, додека Спенсер Хоус постигна 13 поени, 5 скока и 2 блокади од клупата.
Брук Лопез повторно беше најсветлата точка во новиот тим на Бруклин Нетс, откако и синоќа одигра доста ефикасно - постигнувајќи 23 поени и 9 скока. Дерон Вилијамс забележа 22 поена и 4 асистнции, а трет играч со над 10 поени беше Џо Џонсон со 18 поени. Сите останати играчи на Бруклин имаа потпросечен натпревар.
Сакраменто Кингс синоќа ги совладаа ЛА Лејкерс со конечни 103-98, по што им го нанесоа петтиот последователен претсезонски пораз.
ДеМаркус Казнс со 18 поени и 11 скока и Маркус Тортон со 19 поени ги предводеа своите Кингси до третата победа во претсезоната. Ајзеа Томас имаше 8 поени и 10 асистенции, а Тајрик Еванс влезе од клупата за да постигне 14 поени.
Коби Брајант и Пау Гасол искомбинираа 42 поена, 12 скока и 8 асистенции, но сепак тоа беше недоволно за Лејкерс да ја забележат првата претсезонска победа. Дејвид Ибенкс одигра одличен натпревар од клупата, постигнувајќи 20 поени и 6 скока.
На останатите натпревари:
Њу Јорк 88-107 Торонто
Индијана 96-112 Орландо
Минесота 81-92 Чикаго
Феникс 97-107 Оклахома Сити
Голден Стејт 101-97 Портланд




Twitter
Facebook
Youtube
0 comments:
Post a Comment