Home » , » Хауард ќе дебитира за Лејкерс во недела

Хауард ќе дебитира за Лејкерс во недела

Written By Anonymous on 19.10.12 | 18:06


Досега добро вежбаше, силно, напорно со цел да се врати побрзо на терените. Сега фановите на Лејкерс ќе бидат возбудени поради тоа што доаѓа - дебито на Хауард.

Двајт Хауард ќе дебитира како Лејкер во Недела против Кингс во Стејплс Центарот, според Марк Спирс и Адријан Војнаровски од “Yahoo Sports“.

“Тој добро напредува. Има шанса да игра во недела“ - вели еден анонимен тренер на Лејкерси.

Лејкерси го купија Хауард во августот, но тој дојде повреден, се работеше за повреда на грбот. Но сега тој ќе биде колку толку спремен за новата сезона која започнува на 30 октомври односно за 11 дена.

Исто така Хауард добро го извежба и pick and roll“ - от со Стив Неш и играта во висок пост со Пау Гасол, но и научи да игра со Коби Брајант. Таа група изгледа дека создаде каква таква хемија во тимот во пред сезоната.

Не очекуваат само фановите од Лејкерс да игра инзвондредно, туку и останатите фанови на другите тимови веруваат дека Хауард ќе го покаже чудовиштето во себе.

0 comments:

Post a Comment