
Вчера излезе шпекулација која вели дека Лејкерси на крајот на сезоната 2013/14 ќе имаат максимален салари кеп да потпишат со играч кој ќе може да потпише максимален договор. Тогаш му истекува договорот на Џејмс со Хит. Исто така и Вејд и Бош ќе бидат слободни.
Но запрашан синоќа за околу тоа што мисли ЛеБрон тој вели :
“Тука сум. Се спремам за новата сезона. Се подготвувам за одбрана на титулата. Разбирам дека ќе доаѓаат румори кој и да сте.“
“Таа приказна, не знам воопшто од каде доаѓа, но знам дека доаѓа поради тоа што сум. Но не се грижам за тоа. Продолжувам да бидам фокусиран со овие момци и спремен сум за сите предизвици кој доаѓаат.“
Никогаш не викајте никогаш поготово во НБА лигата.
Лејкерси се едни од најинтелегентните тимови во лигата. Тоа можеби е само сега, а во иднина ќе биде поинаку. Ништо не се знае. И Пет Рајли е исто така многу мудра личност кој знае да направи “deal“ со добри играчи. Можеби нема да имаат доволно салари кеп, за кога ЛеБрон ќе стане слободен играч.
Но, да зборуваме за две години понапред... Невозможно.
Сега можеме само да го слушаме што вели ЛеБрон.


Twitter
Facebook
Youtube
0 comments:
Post a Comment