Home » , » Блејк Грифин :“Новите правила служат за да се пополни буџетот на лигата“

Блејк Грифин :“Новите правила служат за да се пополни буџетот на лигата“

Written By Anonymous on 4.10.12 | 22:27


Крилниот кошаркар на ЛА Клиперс, Блејк Грифин не е воудушевен од воведувањето на новите правила кога е симулацијата во прашање.

Играчот од клубот на Калифорнија смета дека борбата против “флопките“ е само изговор за да се дополнува буџетот на лигата.

“Новите правила никому нема да му помогнат да победи натпревар, тоа е само можност НБА лигата да заработи повеќе пари. Во извесна смисла тоа е иновација, бидејќи ќе се борат против симулацијата, но замислете ја следната ситуација, 7 меч од финалната серија и играчот размислува што му е подраго, казна од 10000 долари или НБА титула.“ - вели Грифин.

0 comments:

Post a Comment