Home » , » Лејкерс повторно губат, Хауард го прави своето деби за "езерџиите"

Лејкерс повторно губат, Хауард го прави своето деби за "езерџиите"

Written By Unknown on 22.10.12 | 12:00

Синоќа сите светла беа упатени кон Стејплс центарот во Лос Анџелес, каде што Лејкерс ја бараа првата победа во претсезоната со Двајт Хауард за прв пат во нивната стартна петорка. Сепак "езерџиите" го забележаа и шестиот пораз во низа, откако загубија повторно од Кингси со 92-99.

ДеМаркус Казнс одигра солиден натпревар за Сакраменто и постигна 16 поени, 6 скока и топката ја украде 4 пати, но сепак изгуби дури 5 топки. Тајрик Еванс имаше 12 поени, а од клупата одлични беа Арон Брукс (16 поени) и Маркус Тортон (15 поени).
Како што кажавме, Двајт Хауард го одигра својот деби - натпревар во дресот на Лејкерс и одигра дури 33 минути како стартер. Тој беше и најефикасен во редовите на Лејкерс, постигнувајќи 19 поени, 12 скока и 4 блока. Мета Ворлдс Пис и Пау Гасол имаа по 14 поени, додека Коби Брајант имаше 21 поен.


На останатите натпревари:

Сан Антонио 100-104 Орландо
Филаделфија 88-79 Бостон
Денвер 101-108 Оклахома

Погледнете ги најдобрите 5 потези од сите синоќешни натпревари:

0 comments:

Post a Comment